Прашањата поставени од даночните обврзници и мислењата дадени од УЈП се прикажани во нивната изворна форма. Мислењата на УЈП се засноваат на одредбите од Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ), но истите не претставуваат толкување на законот, од причина што надлежен орган за давање на овластено толкување на закони е Собранието на Република Северна Македонија. Доколку мислењата се од претходни години, потребно е да се има во предвид дека може да има измени во одредбите и треба да се провери дали истите наведени во мислењето се уште се во сила. Доколку има промени во одредбите на законските и подзаконските акти врз кои се базира одредено мислење, истото повеќе не е применливо во тој дел или во целост.
-
Ме интересира, за лице вработено во редовен работен однос во земјава и е нејзин резидент и државјанин но кој остварува дополнителен приход од странска компанија со која нашата држава нема склучено договор за избегнување на двојно оданочување како што се (САД;Сингапур и Јапонија). За работа од далечина каде што данокот е платен во странство а ПДД е кај нас 10%, колку јас треба да платам данок тука ако годишниот приход надминува 2.000.000 денари годишно остварен од странската компанија. Сакам конкретен одговор. Имам договор со компанијата за вршење маркетинг услуги со кои дел од остварениот приход во странската компанија би го добил јас на моја сметка тука но со платен данок таму, што значи и услугите и оставрените средства се остваруваат во странство.
Како математички се пресметува износот и колку јас ќе бидам одданочен тука?
Дали има лимити или прогресии?
»»» ОДГОВОР -
Ве молиме за Ваше мислење во врска со пренесен данок на додадена вредност по член 32а.
Наш клиент е правно лице - даночен обврзник регистриран за ДДВ - којшто е подизведувач на проект за приватен ветерен парк во РСМ. Заедно со други подизведувачи, нашиот клиент пружа услуги на главниот изведувач (исто така регистриран даночен обврзник) кој пак има склучено договор со крајниот инвеститор на проектот. Во рамките на проектот, услугите коишто нашиот клиент ќе ги пружа се монтирање и инсталација на делови на ветерни турбини. Нашиот клиент ги монтира односно со помош на механизација (кранови) и со квалификувана работна сила, ги инсталира деловите од кои се составени ветерните турбини. Според правилникот, овој тип услуга спаѓа во Одлуката за услуги за кои се применува членот 32а со пренесување на даночната обврска, тоа е јасно, но она што не интересира е дали истиот пристап би се користел ако фирмата, во рамките на истиот проект, треба на својот клиент да му фактурира и превозни услуги или складишнина за одредени делови кои ги транспортира/складира а кои понатаму ќе се инсталираат во турбините?
Согласно горенаведеното, Ве молиме за мислење дали услугите на превоз/транспорт и складирање на такви делови спаѓаат под Oдлуката односно дали за овие услуги даночен должник е обврзникот кон кого е извршен прометот или важат правилата од член 6 од ЗДДВ, ако се знае дека се за потребите на истиот проект.
Ви благодараме однапред за брзиот одговор.
»»» ОДГОВОР
-
Почитувани,
Ве замолуваме да ни дадете соодветен одговор за следново прашање: Во кој случај може да се поврати ДДВ од купување патничко возило?
Ви благодариме однапред,
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Фирма откупува половни мобилни телефони од физички лица и истите ги продава.Дали на излезната ф-ра треба да пресмета ДДВ на целиот износ или само на разликата од набавната до продажната?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Бараме Ваше мислење во врска со вложувања како оснивачки влог во друга фирма,било да е постоечка или новоформирана кога едно друштво вложува непаричен волг без надомест ,било да е подвижен или недвижен имот, дали тоа вложување се смета како промет и дали истото подлежи на оданочување со ДДВ.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ме интересира следново
Правно лице- Адвокат кој НЕ Е ДДВ ОБВРЗНИК има возило во своја сопственост( кое што го стекнал пред 3 месеци по пат на лизинг кој што го плаќал 3 години). Дали доколку го продаде возилото средствата примени на име купопродажба на возилото се даночна основа заедно со прометот остварен од адвокатски услуги за да правното лице стане ДДВ ОБВРЗНИК?
Во телефонски разговор дополнето е прашањето: Возилото кое го продава е на име на правното лице.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве молам за толкување на член 34 од ЗДДВ.
Според овој член право на одбивка може да се оствари врз основа на фактура или фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 ден. издадена согласно Законот за регистрирање готовински плакања. Согласно Законот за готовински плакања плакањето со платежна картичка се смета за готовинско плакање при што се издава фискална сметка. Дали ако се плати со платежна картичка и се добие фискална сметка над 6.000 ден. и слип може да се одбие ддв?
Дополнување на прашање:Дали ке се оствари правото на одбивка ако кон фискалната сметка е приложена сметкопотврда или др. документ за прометот?
Благодарам за одговорот
»»» ОДГОВОР
-
Почитувани,
Во текот на 2022 година имав договор за закуп на недвижен имот. Еден дел од закупнината за 2022 е исплатен во Јануари 2023. На фолиото за исплата е наведено дека се работи за период од 2022.
Дали таа сума исплатена во 2023 за договор од влегува во вкупна сума според која физичко лице може да биде регистрирано како ДДВ обврзник?
Ве молам за конкретен одговор што е можно побрзо.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани
Дали кога имаме фирма, поточно кујна за самопслужување на готвена храна за вработени во фирма, кога вработените сами си ја подигаат храната од шанокот, нема келнери, и јадат во истата кујна каде има поставено маси и столови за седење, ќе се плаќа 5% или 10% ДАНОК
Однапред Ви благодарам
»»» ОДГОВОР -
Почитувани
Градежна Фирма гради куќа на физичко лице со договор клуч на рака. Излезното ДДВ со која даночна стапка ќе биде 18% или 5%?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве молам за мислење, дали набавката и лепење на тапети на нов објект спаѓа под член 32А согласно член 2 точка 16 (службен весник 160 од 2016 год.) од одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна друг даночен обврзник.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Да Ве замолам за информација, дали при фактурирање на продажба и вградување на машина за перење на садови и вграден фрижидер може да се примени член 32-а од Закон за ДДВ, односно дали се вклучени точката вградување на готови кујни?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве молам за информација дали за трошокот за набавка на галони вода во правното лице за пиење може да се користи влезното ДДВ?
»»» ОДГОВОР -
Би сакале да ве прашаме, фирма до крајот на 2023 година работела друга дејност според законот во Република Северна Македонија.Во 2024 е отворена подружница со друга дејност конкретно рента кар услуги , фирмата ги завршила сите потребни процедури аплицирала и му е одобрено да си ги земе колите. Но фирмата која ни ги продава во конкретниот случај xxxxxxxx не може да фактурира кон подружницата но ќе фактурира кон главната дејност.
Прашање
Дали ова би преставило проблем за повратот на ддв?
»»» ОДГОВОР -
Имаме прилив на наменски финансиски средства од Агенција за филм на РМ, по Договор за долгометражен филм над 2.000.000 ден. Дали треба да се регистрираме за ДДВ?
Ако е потребно да се регистрираме ве молам известете не, за да поднесеме ДДВ-01 образец најкасно до 15.01.
Благодарам,
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
прашање во врска со фактурирање на промети на кои се применува механизмот на пренесување на даночна обврска (reverse charge механизмот).
издавач на фактура е фирма дооел која е ддв обврзник, истата фактурира-изведба на покривни конструкции каде примател на промет е фирма ддв обврзник.
дали треба да се примени член 32-а став 2 од законот за додадена вредност и во овие два случаи:
1. во случај кога се фактурира изведба на покривни конструкции и тоа само услуга без вграден материјал (материјалот го купува нарачателот од друга фирма)
2. во случај кога се фактурира изведба на покривни конструкции
и тоа услуга и набавен материјал од страна на изведувачот кој е вграден при извршување на услугата.
ве молам да ми одговорите за двата случаи одделно.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани
Би сакале да добиеме мислење од Ваша страна односно Информација за ситуацијата со која се соочуваме, се работи за предмет во кој ние како Финансико Друштво се јавуваме како Доверител од една страна а Другото правно лице Х се јавува како Должник, истите имаат заложен половен автомобил - патничко моторно возило со ознака М1 залогот е склучен на 2021 година. Поради ненавремена и нецелосна отплата на долгот предметот е пуштен на Извршител и закажана е лицитација за продажба на колата во текот на овој месец
Би сакале да добиеме информација дали извршителот е должен при продажбата на колата односно во продажната цена да искажи и пресмета Данок на Додадена Вредност со оглед на фактот дека предметиот залог и продажба е половен автомобил.
»»» ОДГОВОР -
Ве молам за мислење за следново прашање
Градиме станбен објект со класификација на намена и добрение за градба А4.7 - традиционални куќи за потреба на туризмот (селски,планинински и езерски) .
Во случај на отуѓување-продажба на становите-апартмани со која даночна стапка би се оданочувале истите.
Дали со 5% или со 18%.
»»» ОДГОВОР -
Ве молам за Ваше мислење за една ситуација поврзана со новите измени за ДДВ.
Фирмата А, која е македонска фирма,вози во Белгија и таму користи гориво и патарини. Фирма Б и дава картички на фирмата А за да може да плаќа за горивото и патарините. Фактурите за горивото и патарините гласат за фирма Б, која е исто така македонска фирма, и таа ги плаќа тие фактури и потоа издава фактури до фирмата А. Фирмата Б врши рефактурирање на фирмата А. До сега тие фактури беа без ДДВ.
Какво е Вашето мислење, дали со новите измени фактурата од фирма Б до фирма А треба да биде со или без ДДВ? Да напоменам дека сите вклучени фирми се ДДВ обврзници.
»»» ОДГОВОР -
На ниво на групација започнавме проект во договор со поврзана фирма од Германија. За потребите на проектот беа набавени материјали кои требаше да се искористат вградаат во готовиот производ.
Оваа година на менаџерско ниво беше одлучено дека проектот ќе биде стопиран и погонот кај нас затворен. Одлуката која беше донесена од страна на менаџерите беше материјалите кои се останати на залиха и не се искористени да се уништат ,отпишат и предадат на отпад. Се работи за електро материјали (склопки, осигурувачи и сл) кои се застарени, и по нивното уништување ќе бидат предадени на фирма која превзема електричен отпад.
За да ни ја надоместат штетата беше одлучено да им пратиме вредност на поврзаната фирма во Германија за надомест на трошоците со што би не обесштетиле. Со цел да не се прават дополнителни трошоци за транспорт до Германија материјалите ќе бидат уништени кај нас и дадени во отпад кај нас, а поврзаната фирма од Германија ќе ги надомести сите трошоци поврзани со отписот.
Ве молам за мислење за даночниот третман на отписот, дали треба да пресметуваме ДДВ.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Дали треба да се регистрира за ДДВ адвокат кој остварува домашен промет кој не надминува 2.000.000., но исто така остварува и промет од странство кој што е ослободен од ддв и како вкупен промет го надминува прагот од 2.000.000.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Прашањето е за евидентирање на капар на фикскална каса
Како се евидентира на касата?
Во кој период треба да се затвори капарот, што ако периодот е во две различни фискални години?
Со која стапка на ДДВ треба да се евидентира?
Дали потоа се сторнира и се издава фискална сметка со точен и целосен износ ?
»»» ОДГОВОР -
Ве молам за мислење во врска со жирално плакање за претплата од странство за интернет услуги, дизајн, и хостинг преку Atlasian, Google, Linode, Facebook, Mikrosoft... бидејки фирмата што ги користи услугите е ддв обврзник дали треба да пресметаме ,истакнеме ддв по член 32-4 од законот за ддв во даночната пријава .
»»» ОДГОВОР -
Почитувани, Ве молам за следната консултација:
Компанија склучува договори за подарок и подарува станови на вработени лица кои воедно и се деца на сопствениците на компанијата. Ве молам за насока дали овие станови подлежат на ДДВ?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Друштво регистрирано како даночен обврзник за цели на ДДВ во Република Северна Македонија, која е во режимот на ДБ за цели на оданочување со данок на добивка, врши набавки во текот на годината, а кои се однесуваат на клупи и маси кои се поставени дворот на субјектот. Се работи за клупи и маси кои вработените ги користат за одмор за време на пауза. Истите Друштвото ги евидентира како основни средства. Ве молиме да ни дадете одговор за даночниот третман за овие набавки и тоа: Дали за овие набавки Друштвото има право да го одбие претходниот ДДВ?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Имаме фирма која за своите вработени секојдневно нарачува храна од разни места и од истите добива или ф-ра или се плаќа преку картица (немаме склучено договор за носење на храна за вработените).
Храната се конзумира во посебна просторија во фирмава.
Фирмата не е ддв обврзник бидејки прометот (член 14) е со странство и секоја година фирмава кога ке надмине 2 милиони денари УЈП ја одбива по основ дека прометот кој го имаат е неоданочив промет од аспект на ДДВ.
Ве молам како да постапиме од апсект на ДДВ.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве замолувам за одговор на следново прашање.
-Дали прометот на физичко лице остварен од закуп во странство, се зема во предвид како промет со кој физичкото лице може да стане ДДВ обврзник?
»»» ОДГОВОР -
Ве молам за одговор дали може да се фактурира по Член 32А само за услуга Монтажа и поставување на кабли за компјутерска мрежа, кабелска телевизија и оптички кабел кадешто сите кабли претходно се веќе набавени од страна на инвеститорот.Ние треба да извршиме услуга само монтажа на тие кабли.
Се работи за 2 различни објекти во градба - Зграда со станови за живеење и објект Магацин и Индустриска хала за производство. Какво е вашето мислење за ова ? Дали може да се фактурира по Член 32а оваа услуга?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве молам за информација, имаме влезна фактура по член 32а за која немаме право на одбивка. Во кои полиња од ДДВ пријавата треба да се пополнат износите од фактурата? И каде може да се информираме повеќе околу овој дел?
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Дали наша фирма што прави услуги во странство како што е менаџирање на социјални медии, уредување на ВЕБ портали и графички решенија на нивните портали треба да се пријават за ДДВ обврзник ако надминат 2.000.000? Станува збор за странски правни и физички лица корисници на овие услуги.
»»» ОДГОВОР -
Почитувани,
Ве молам за ваше мислење за да постапам правилно
Дали треба да фактурирам по член 32 или со пресметан ДДВ Оградување на дворно место на објект Погон за слатки и Административна зграда со профили и пластифициран лим.
Однапред Ви благодарам.
»»» ОДГОВОР -
Ве контактираме во врска за ДДВ пријава.
Фирма има поднесено барање за регистрација за ДДВ во Септември.
Решението од УЈП е донесено во 10 месец,2024, и пишува дека
Прв даночен период е 01-07-2024 - 30-09-2024
Датум на регистрација за ДДВ од кога пресметува ДДВ 23,08,2024.Решението сме добиле преку пошта во декември,2024.
1. Прашањето е дали треба да доставиме пријава за првиот даночен пероиод според решението имајќи во предвит дека рокот е поминат?
2. Ако има една фактура напраено со ДДВ пред 23,08,2024 дали и за тоа се вклучува во пријава или треба да се коригира да биде без ДДВ.
Ви благодариме однапред,
»»» ОДГОВОР