Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

12.01.2015
Насоки за пополнување на Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”) за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години
Исплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност...
 
09.01.2015
Дерегистрација на фискални апарати
Според укажувања од даночните обврзници и известувања на медиумите, одредени овластени производители на фискален систем на опрема вршат дерегистрација на старите фискални апарати со надомест, а особено кога даночен обврзник одлучил новиот фискален систем на опрема да го набави од друг овластен производител. Со ваквите дејствија им се скратува правото на даночните обврзници за слободен избор за набавка на фискален систем на опрема, се условувааат даночните обврзници, се јавува нелојална конкуренција на пазарот на фискални апарати, што е спротивно на повеке законски прописи...
 
09.01.2015
Персонален данок на доход – Поднесување на годишни извештаи за 2014 година
Годишните извештаи ги поднесуваат исплатувачите кои во изминатата 2014 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа, откуп на земјоделски производи, откуп на корисен цврст отпад...
 
08.01.2015
Финансиска дисциплина - Поднесување на „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските“ од 1 јануари 2015
Со цел да се поедностави исполнување на законска обврската на нотарите, извршителите и судовите кои согласно Законот за финансиска дисциплина, се должни да достават писмено известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски, Управата за јавни приходи изготви посебен образец УЈП-ДИ-З.2-03 - Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските, кој може да се преземе од веб страницата на УЈП...
 
31.12.2014
ПРЕСМЕТКА НА ЈАНУАРСКА ПЛАТА 2015 - НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“
За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2015 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2014 година), преку веб страницата на УЈП...Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2015 година, ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.320 денари, односно на годишно лично ослободување за 2015 година во износ од 87.840 денари...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија