Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

28.01.2015
ВО БИТОЛА ОШТЕТУВААТ ВОЗИЛА НА УЈП, НО И НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ
12 тима на даночни инспектори, во текот на вчерашниот ден извршија акциска контрола во над 50 објекти на подрачјето на Битола и Прилеп. По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања...На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ...
 
27.01.2015
Уште пет дена за воведување на фискален апарат со ГПРС уред
Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската. Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања...
 
26.01.2015
Возилата на УЈП, мета на вандали во Битола
Вчера/25 јануари 2015 година, во Битола, од засега непознати сторители вандализирани се 6 службени возила на УЈП - Регинална дирекција Битола. Од страна на СВР Битола направен е увид на лице место при што е констатирано дека со остар предмет се оштетени 15 гуми на службените возилата паркирани пред зградата на УЈП Битола. Се преземаат опсежни мерки за откривање на сторителите...
 
16.01.2015
Земјоделци - Истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок
Ги потсетуваме граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок. Доколку досега не сте регистрирани во УЈП како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, да поднесете Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“) и Барање (образец “ПДД-ПЗ“)...Посетете ја обуката во вашата општина/град и информирајте се за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на данокот...
 
16.01.2015
Охриѓани во пресметка со возило на УЈП
Вчера/15 Јануари 2015 година, за време на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат кои се одвиваа во вечерните часови, од страна на несовесни граѓани оштетено е службено возило на УЈП, односно со остар предмет исечени се сите четири гуми на возилото...Управата им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека користењето на насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на јавните добра (службени возила и сл.) купени со парите од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Р. Македонија, нема да ги спречи, ниту да ги одложи контролите на УЈП...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија