Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
31.12.2014
ПРЕСМЕТКА НА ЈАНУАРСКА ПЛАТА 2015 - НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Врз основа на член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“,бр.180/2014), стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2015 година, не се променети во однос на 2014 година (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)

Даночно ослободување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2015 година, ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.320 денари, односно на годишно лично ослободување за 2015 година во износ од 87.840 денари (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).

Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2015 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2014 година), преку веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

При исплатата на плата за 2011, 2010 и 2009 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за 2014, 2013 и 2012 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија