Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

13.02.2015
Калкулатор за утврдување на основицата за пресметка на придонеси за договори за дело, авторски договори и други договори согласно измените на Законот за придонеси
Калкулатор е помошна алатка за утврдување на основицата за пресметка на придонеси по основ на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, во случај кога правно лице врши исплата на надоместок по договор на лице кое е во работен однос кај него или кај нему поврзано право лице, при што правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите...
 
05.02.2015
За таксистите - Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати до 31 Декември
Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.16 од 03.02.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година...Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, УЈП отпочна со он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат...Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да отпочнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа до сега...
 
30.01.2015
Реакција во врска со исплатата на хонорарите и поднесување на пресметки на придонеси за договори за дело и авторски договори
Во врска со информациите кои изминатите денови се објавени на повеќе портали, како и последните информации објавени во весникот Вечер (текст: „Исплатата на хонорарите може да почне, објавен начинот на пресметка на придонесите“, 30.01.2015 година, автор: Светлана Вукчевиќ), а со цел да не дојде до забуна и погрешно постапување на даночните обврзници и сите засегнати страни, информираме дека „Не се точни изнесените информации дека во изминатиот период имало застој во исплатата на хонорарите заради УЈП и дека исплатата може да почне откако УЈП ги објави најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите за оваа година...
 
29.01.2015
Прием на седум нови субјекти во групата на големи даночни обврзници
Согласно политиките за ефикасно администрирање на даночните обврзници усогласено со спецификите, но и потребите на големите обврзници за поинаков тип на даночни услуги кои произлегуваат од нивниот економски потенцијал и учество на пазарот, Управата за јавни приходи ја прошири листата на големи даночни обврзници. Од 01.01.2015 година во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници преминаа следните правни лица...
 
29.01.2015
БРУТО ПЛАТА 2015 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ
Просечната плата по работник во Р.Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644), а највисока основица изнесува 189.864,00 денари (6 x 31.644). Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 28.01.2014 година, која го содржи новиот параметар...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија