Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

31.12.2014
Од 1 Јануари – Достава на Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршување “ДДВ-ПНПИ“
Со измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност, од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата односно присилно извршување, кога должникот е регистриран за ДДВ, пресметувањето и плаќањето на ДДВ на прометот на добрата кои се предмет на продажбата го врши субјектот надлежен за постапката за присилна наплата односно присилно извршување, во име и за сметка на должникот...
 
29.12.2014
Фискализација - Предновогодишни контроли на УЈП
Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите. УЈП редовно е присутна на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период – угостителските и објектите кои вршат малопродажба. Во ноќните часови (меѓу 27 и 28 декемви), при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани...
 
25.12.2014
Од 1 јануари 2015 - Даночните одделенија на УЈП со ново работно време до 18 часот
Од 1 јануари 2015 година, сите даночни одделенија на УЈП (Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите...
 
23.12.2014
До 31 јануари – Сите обврзници да воведат фискална каса со ГПРС уред
Обврска да воведат фискален систем на опрема со вграден ГПРС уред, најдоцна до 31 јануари 2015 година, имаат сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кој плаќањето се врши во готово. Апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, односно секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некои од овластените производители тоа да го стори веднаш...Право на продажба имаат само овластени производители на одобрен фискален систем на опрема со ГПРС уред...
 
18.12.2014
Од 1 јануари - Намалување на прагот за регистрација за ДДВ на 1.000.000 денари
Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“)...Даночните обврзници кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за ДДВ, односно да ја поднесат Пријавата најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот... Даночните обврзници кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ, навремено да преземат чекори за електронско поднесување на следните пријави кои задолжително се поднесуваат до УЈП преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија