Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.01.2015
Финансиска дисциплина - Поднесување на „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските“ од 1 јануари 2015

Со цел да се поедностави исполнување на законска обврската на нотарите, извршителите и судовите кои согласно Законот за финансиска дисциплина, се должни да достават писмено известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски, Управата за јавни приходи изготви посебен образец УЈП-ДИ-З.2-03 - Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските, кој може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/155).
Доколку должникот нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5 и 7 од Законот за финансиска дисциплина, а доверителот поднесе тужба до надлежен суд / предлог за извршување до извршител / предлог за платен налог до нотар, во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават писмено Известување (образец УЈП-ДИ-З.2-03) до Управата за јавни приходи.
Известувањето УЈП-ДИ-З.2-03, овластените подносители (нотарите, извршителите и судовите) можат да го поднесат почнувајќи од 01.01.2015 година до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП“ (кликни тука).
Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските (образец УЈП-ДИ-З.2-03) е составен дел од „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“ бр. 21-7087/1 од 30.09.2014 година, во кое се прецизираат надлежностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, односно начинот и формата на поведување на постапката на надзор, обврската за известување, санкции за прекршителите и постапката во случај на непостапување.
Упатството можете да го преземете од веб страницата на УЈП (кликни www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/260).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија