Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
09.01.2015
Дерегистрација на фискални апарати

Според укажувања од даночните обврзници и известувања на медиумите, одредени овластени производители на фискален систем на опрема вршат дерегистрација на старите фискални апарати со надомест, а особено кога даночен обврзник одлучил новиот фискален систем на опрема да го набави од друг овластен производител.

Со ваквите дејствија им се скратува правото на даночните обврзници за слободен избор за набавка на фискален систем на опрема, се условувааат даночните обврзници, се јавува нелојална конкуренција на пазарот на фискални апарати, што е спротивно на повеке законски прописи.

Ваквиот начин на постапување негативно влијае на процесот на воведување на интегриран автоматски систем на управување (ГПРС) со што се зголемуваат трошоците на даночните обврзници, а при самата постапка за дерегистрација овластените производители немаат реални материјални трошоци.

Во врска со гореневеденото Управата за јавни приходи укажува дека треба веднаш да се престане со праксата за наплата на надомест при дерегистрација на фискалните апарати и условување на даночните обврзници, во спротивно ќе бидат преземени сите мерки предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања и другите позитивни законски прописи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија