|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
24.12.2009
Во врска со прилозите „ФФМ и должи 4,5 милиони денари на УЈП“ од 18.12.2009 и „Зошто УЈП се уште не го наплаќа долгот на ФФМ?“ УЈП остро реагира на невистините и паушалните изјави изнесени од страна на авторот Катерина Гетева, новинар на А1. Основната заложба на Управата за јавни приходи е даноците како сериозна тема, да имаат и сериозен третман во јавноста. Даночната администрација се оградува од било какви притисоци и наметнати интереси во водењето на даночните постапки.
|
|
22.12.2009
Со воведувањето на концептот „бруто плата“, од 1 јануари 2009 година работодавачите преку новиот систем на УЈП за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок од плата имаат исплатено 118,7 милијарди денари вкупен износ на бруто плата. Бројот на работодавачи кои месечно поднесуваат пресметка за интегрирана наплата се движи околу 61 илјади фирми кои вработуваат 459 илјади лица. Бројот на обврзници кои, без чекање на шалтерите на УЈП, ја исполниле својата обврска користејќи ги електронските услуги во просек изнесува 20.000. Вкупниот број на блокирани обврзници изнесува 7.594, кои должат вкупен износ на бруто плата од 1,2 милијарда денари, од кои нето плата на вработените 779,6 милиони денари, социјални придонеси 393 милиони денари и персонален данок 29,5 милиони денари.
|
|
21.12.2009
Ги потсетуваме акцизните обврзници дека од 1 јануари 2010 година, сите ингеренции на Управата за јавни приходи во областа на акцизите преминуваатво надлежност на Царинската управа. Сите незавршени постапки пред Управата кои се однесуваат на акцизата, од следната година ќе продолжат да се водат пред Царинската управа.
|
|
15.12.2009
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници доследно да ги
применуваат и исполнуваат обврските во делот на фискализацијата и Законот за
регистрирање на готовинските плаќања. Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кој плаќањето се врши во готово, должни се да воведат и користат фискален апарат и да издаваат фискална сметка, односно да ги регистрираат извршените готовински плаќања.
|
|
30.11.2009
Граѓаните кои обавуваат земјоделска дејност или истата ја вршат како дополнително занимање, почнувајќи од 2009 година, данокот на доход
можат да го плаќаат според паушално утврден приход. За да се стекнете со право на паушално оданочување, потребно е да поднесете Барање за паушално оданочување до даночната канцеларија на Управата за јавни приходи на чија територија се наоѓа Вашето живеалиште, најдоцна до крајот на 2009 година. Барањето за паушално оданочување се доставува истовремено со Барањето за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност.
|
|
|
|
|
|
|