Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

14.01.2010
Новини во пресметката и плаќањето на данок на добивка
Ги информираме даночните обврзници дека врз основа на најновите измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, направени се измени во подзаконските акти и во примена се нови обрасци. За начин на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување ...
 
11.01.2010
Реакција на изјавите за фискализација на зелените пазари
Во врска со изјавите изнесени на протестот на пазарџиите за наводно најавената фискализација и контроли од страна на Управата за јавни приходи, ја информираме јавноста дека станува збор за дезинформации, бидејќи Управата нема спроведени активности за контрола на зелените пазарите во делот на регистрирањето на готовинските плаќања. Истото произлегува од договореното меѓу здруженијата на пазарџии и Владата, според кое фискализацијата на пазарите се одлага до влезот на Македонија во Европската Унија.
 
05.01.2010
Бруто плата - Нови стапки за социјални придонеси и лично ослободување за 2010 година
Со исплатата на јануарската плата, ќе се применува даночно ослободување во износ од 7.035 денари месечно, односно на годишно ниво за 2010 година во износ од 84.420 денари, како и се воведуваат нови, намалени, стапки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување. Користете ги електронските услуги на УЈП за поднесување на пресметките за плата. Пополнетиот образец МПИН пратете го преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk и истиот ќе се смета за доставен до Управата за јавни приходи.
 
05.01.2010
Демант - „АЛФА ТВ“ (прилог: „Цркви пред стечај“)
Во врска со прилогот „Цркви пред стечај“, (објавен во вестите на Алфа ТВ, 04.01.2010 година) Управата за јавни приходи ги демантира паушалните изјави од одредени свештени лица, како и неточно пренесените ставови на Управата за јавни приходи во врска со паушалното оданочување на вршителите на свештеничка дејност. Воопшто не се точни информациите дека побарувањата на УЈП по вработен се движат од две до осум илјади евра по свештено лице, како и споменатата бројка од два милиони евра, кои во податоците на Управата не постојат и не се евидентирани по овој основ. Последните наслови кои беа присутни во медиумите се изолирани случаи и обиди да се наметнат нечии интереси.
 
31.12.2009
Нови даночни шалтери во Брвеница и Врапчиште
Ги информираме даночните обврзници дека од 2010 година, услугите на даночната администрација ќе бидат достапни и преку новоотворените Даночни шалтери во Брвеница, за подрачјето на општина Брвеница, и во Врапчиште за подрачјето на општина Врапчиште. Преку децентрализацијата на даночната администрација и отворањето на даночните шалтери, основната цел е намалување на трошоците на даночните обврзници и директен пристап до услугите на Управата за јавни приходии и во најмалите општини во Македонија, во самото место на живеење на граѓаните.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија