Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
24.12.2009
Демант - “А1“ (текст: „Зошто УЈП се уште не го наплаќа долгот на ФФМ?“)

Во врска со прилозите „ФФМ и должи 4,5 милиони денари на УЈП“ од 18.12.2009 и „Зошто УЈП се уште не го наплаќа долгот на ФФМ?“ УЈП остро реагира на невистините и паушалните изјави изнесени од страна на авторот Катерина Гетева, новинар на А1.

До редакцијата на А1 беше доставен одговор дека информациите за конкретниот предмет подлежат на даночна тајна, и поради тоа УЈП не е во можност да се впушта во коментари и полемика. За жал сведоци сме дека токму ваквата позиција на УЈП е злоупотребена од страна А1 и моќта на медиумите. Оттука, во јавноста се форсира приказна базирана на шпекулации и паушални изјави во која упорно се прозива Управата и директорот, Горан Трајковски.

УЈП согласно Законот за даночна постапка, и во оваа фаза не е во можност да изнесува факти и информации во јавноста за конкретниот случај. Мотивите за изнесените невистини му се познати само на новинарот и медиумската куќа на која припаѓа.

Се поставува прашањето дали по завршувањето на даночната постапка, кога даночната тајна ќе стане јавна информација, новинарот и одговорните лица во редакцијата на А1 се подготвени да ја понесат одговорноста за изнесените невистини за „наводното“ непостапување на УЈП, или како што се вели чување на предмети на сигурно „во нечија фиока во Управата за јавни приходи“.

Основната заложба на Управата за јавни приходи е даноците како сериозна тема, да имаат и сериозен третман во јавноста. Даночната администрација се оградува од било какви притисоци и наметнати интереси во водењето на даночните постапки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија