Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
15.12.2009
Дали Вие издавате фискални сметки?

Набавете фискален апарат
Доколку даночниот обврзник нема воведено фискален апарат, Управата за јавни приходи ќе му изрече забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) во траење од 30 дена на даночниот обврзник/правно лице, односно 15 дена на даночниот обврзник/физичко лице.
Глобата за непоседување на фискален апарат изнесува:

  • за правното лице - 1.000 € во денарска противвредност;
  • за одговорното лице кај правното лице - 500 € во денарска противвредност и
  • за физичко лице - 200 € во денарска противвредност.

Доколку даночниот обврзник ја плати глобата во рок од 8 дена, износот на паричната казна се намалува за 50%.


Издавајте фискални сметки

Во случај на неиздавање фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга, на самото место на даночниот обврзник ќе му се изрече глоба во висина од 50% од:

  • 1.000 € во денарска противвредност на правното лице;
  • 500 € во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице и
  • 200 € во денарска противвредност на физичко лице.

И во двата случаи, на непоседување на фискален апарат или неиздавање на фискална сметка, ако даночниот обврзник не ја плати глобата во рок од осум дена, УЈП поднесува барање за поведување на прекршочна постапка, при што ќе му се изрече глоба во висина од 4.000€ до 5.000€ во денарска противвредност.


Забрана за вршење на дејност

Доколку во повторна контрола, УЈП констатира дека даночниот обврзник повторно не користи фискална апаратура, односно не издава фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга, се изрекува забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) во траење од:

  • 30 дена за даночен обврзник - правно лице и
  • 15 дена за даночен обврзник - физичко лице

Истовремено, против даночниот обврзник ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, при што ќе му се изрече глоба во висина од 4.000€ до 5.000€ во денарска противвредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија