Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
22.12.2009
Една година “Бруто плата“

Со воведувањето на концептот „бруто плата“, од 1 јануари 2009 година работодавачите преку новиот систем на УЈП за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок од плата имаат исплатено 118,7 милијарди денари вкупен износ на бруто плата, од кои 73, 6 милијарди денари се исплатени нето плати на вработените и 45 милијарди денари уплатени социјални придонеси (придонес за вработување, здравство и пензиско и инвалидско осигурување) и персонален данок.

Исплата во
месец 2009

БРУТО ПЛАТА
(вкупен износ)
НЕТО ПЛАТА
(вкупен износ)
  ПРИДОНЕСИ И
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
(вкупен износ)
јануари 179.685.057 117.438.045 62.247.012
февруари 9.526.385.965 6.268.243.868 3.258.142.097
март 11.635.755.573 6.988.344.805 4.647.410.768
април 11.834.537.535 7.310.070.473 4.524.467.062
мај 9.746.538.492 5.903.541.482 3.842.997.010
јуни 10.772.072.833 6.808.451.868 3.963.620.965
јули 11.959.920.660 7.466.529.022 4.493.391.638
август  9.834.634.458  6.073.734.825 3.760.899.633
септември  11.108.727.078  6.773.699.522 4.335.027.556
октомври 11.282.530.797 7.070.785.494 4.211.745.303
ноември 10.902.692.857 6.742.455.286 4.160.237.571
ВКУПНО 118.713.017.914 73.626.351.280 45.086.666.634
 
Според статистиката на УЈП, заклучно со месец ноември, бројот на работодавачи кои месечно поднесуваат пресметка за интегрирана наплата се движи околу 61 илјади фирми кои вработуваат 459 илјади лица.

И покрај најавените поволности на електронска достава на месечните пресметки за бруто плата преку е-поштата: celaplata@ujp.gov.mk, бројот на обврзници кои, без чекање на шалтерите на УЈП, ја исполниле својата обврска користејќи ги електронските услуги во просек изнесува 20.000.

Што се однесува пак до активностите за присилна наплата, вообичаена постапка која се применува и кај останатите даноци и јавни давачки кои ги администрира УЈП, уште на почетокот на имплементацијата на реформата бруто плата на работодавачите им беше укажано дека доколку во законскиот рок, односно до 15-ти во месецот за претходниот месец нема да ја исплатат бруто плата, на износот на јавните давачки за секој ден задоцнување ќе им се пресметува казнена камата од 0,03%, а пак за присилна наплата на целиот износ на бруто плата ќе се применува стандардната даночна постапка и мерките предвидени за присилна наплата на даноците.

Во делот на присилната наплата на “бруто платата“, состојбата е следна:

  • по основ на една или повеќе неисплатени бруто плати за периодот од јануари до јули, УЈП спроведе мерки за блокада на сметките на 5.684 должници од кои, заклучно со 21 декември, исплата на целиот износ на бруто платите извршиле 1.662, односно во овој момент блокада на жиро сметка имаат 4.022 должници.
  • во вториот циклус кој се однесува на неисплатена бруто плата во периодот од август до октомври, по доставените опомени од страна на УЈП не одговориле 3.572 должници, поради што за истите се преземени мерки за присилна наплата на “бруто платата“.

Вкупниот број на блокирани обврзници во овој момент изнесува 7.594, кои должат вкупен износ на бруто плата од 1.202.228.691 денари, од кои нето плата на вработените 779.624.371 денари, социјални придонеси 393.037.256 денари и персонален данок 29.567.064 денари.

 

За преглед на сите наслови поврзани со „бруто платата“, кликнете тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија