Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
21.12.2009
Од 1 Јануари 2010 – Акцизите од УЈП преминуваат во надлежност на Царината

Ги потсетуваме акцизните обврзници дека од 1 јануари 2010 година, сите ингеренции на Управата за јавни приходи во областа на акцизите преминуваатво надлежност на Царинската управа.

Сите активности поврзани со овој данок кои вклучуваат:

  • поднесување барање за Акцизна дозвола, одлучување по истото, издавање на акцизни дозволи, како и престанување на важење на Акцизната дозвола;
  • поднесување барање за Одобрение за акцизно повластено користење, одлучување по истото, издавањето на Одобрение за акцизно повластено користење, како и престанување на важењето на одобрението;
  • прием на акцизен документ, како и одобрување за примена на упростен акцизен документ;

ќе ги врши и администрира Царинската Управа.

Исто така, во просториите на Царинската управа ќе се поднесуваат и:

  • месечните акцизни пријави (за минерални масла, алкохолни пијалоци, тутунски надомест),
  • поднесување на пријави за планирани количини за контролни марки за тутунски добра,
  • пријави за планирани количини за контролни марки за меѓупроизводи и етил алкохол,
  • барање за издавање контролни марки за меѓупроизводи и етил алкохол,
  • барање за издавање контролни марки за тутунски добра, и
  • изготвувањето на решенија за издавањето на контролни марки.

Со пренесувањето на надлежностите, од 1 јануари се предвидува да се применуваат и нови обрасци од областа на акцизите на кои ќе биде аплицирано логото на Царинска управа.

* Сите незавршени постапки пред Управата за јавни приходи кои се однесуваат на акцизата, од следната година ќе продолжат да се водат пред Царинската управа.

За подетални информиции и прашања во врска со пренесувањето на недлежностите од УЈП во Царината:

Контакт лице Царинска Управа:
Ѓорѓи Наумовски
(тел. 02/3293 932, е-пошта: gorgi.naumovski@customs.gov.mk)
Драган Ивановски
(тел. 02/3293 958, е-пошта: dragan.ivanovski@customs.gov.mk)

Контакт лице Управа за јавни приходи:
Мухедин Авдиќ
(тел. 02/3299 585, е-пошта: muhedin.avdic@ujp.gov.mk)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија