|
|
|
|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
| |
|
|
|
|
|
1 |
| 2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
| 9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
| 16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
| 23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
| 30 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
26.12.2016
Доколку приходот од земјоделска дејност во 2016 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално.
Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Како да се регистрирате за паушално оданочување; Даночни поволности за регистрирани вршители на земјоделска дејност во УЈП; Едукативни посети и обуки за земјоделци...
|
|
|
21.12.2016
Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.202 од 07.11.2016 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 1 јули 2017 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред дo 1 јули 2017 година.
|
|
|
07.12.2016
(Скопје, 07.12.2016) - Во врска со денешниот протест на вработените од АД МЗТ Леарница пред УЈП - Генерална дирекција Скопје, ја информираме јавноста дека даночната администрација ги превзеде сите законски мерки во своја надлежност, кои се во интерес на вработените во АД МЗТ Леарница. Претставници на раководството на УЈП остварија конструктивна средба со вработени од АД МЗТ Леарница на која, меѓуостанатото, беа образложени досега преземените и извршени законски мерки од страна на Управата за јавни приходи, по добивање на барањето од страна на вработените. Целта на сите преземени мерки е да се наплатат побарувањата, како на УЈП, така и на вработените, во согласност со Законот за даночна постапка и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
|
|
|
17.11.2016
(Белград 17.11.2016) Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), г-ѓа Анастасија Илиеска, денеска оствари работна средба со директорката на Даночната управа на Р.Србија, г-ѓа Драгана Марковиќ, и со дел од потесното раководство на даночната управа. На средбата се разговараше за тековните активности кои ги имплементираат двете даночни управи, зацртаните стратешки цели и процесот на модернизација на даночната администрација, со особен акцент на проектите кои се во фаза на реализација, како и за конкретните чекори кои ги превземаат даночните институции во делот на ефикасност и афирмација на услугите насочени кон даночните обврзници...
|
|
|
08.11.2016
(Софија, 08.11.2016) - Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), г-ѓа Анастасија Илиеска, денес е во еднодневна работна посета на Националната агенција за приходи (НАП) на Р. Бугарија, каде што оствари работен состанок со г-дин Бојко Атанасов, генерален директор на НАП и со високото раководство на Агенцијата. Денешната средба е одраз на добрите односи и меѓусебна соработка помеѓу двете даночни институции, истакна директорката Илиеска, изразувајќи ја целта на работната средба како одлична можност за размена на искуства во контекст на применувањето на даночната политика од страна на двете земји и да се согледаат добрите практики кои македонската даночна администрација може да ги примени од страна на НАП на Бугарија...
|
|
|
|
|
|
|
|