Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

08.02.2011
Нов начин на плаќање на радиодифузната такса!
Почнувајќи со Решението за утврдување на радиодифузна такса кое ќе Ви биде доставено за месец Јануари 2011 година, наплатата на радиодифузната такса ќе ја врши Управата за јавни приходи (УЈП). Новиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија. Исто така, УЈП редовно, односно за секој месец, ќе Ви доставува решение со кое директно кај носителот на платниот промет (банка или пошти) ќе можете да извршите уплата на радиодифузната такса.
 
04.02.2011
Панел дискусија: Македонско-Германско стопанско здружение и УЈП
На покана на Македонско-Германското стопанско здружение, директорот Горан Трајковски и тимот на експерти од УЈП учествуваа на панел дискусијата на тема: „Даночното работење во Република Македонија и предлози за негово подобрување“, која се одржа вчера / 03.02.2011 година. На средбата, стопанствениците ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат во своето работење, можностите за поедностанување на даночните процедури, скратување на роковите, но истовремено се запознаа и со новините во делот на даночното работење и активностите на УЈП.
 
01.02.2011
Граѓани - Време е за годишна даночна пријава!
Како граѓанин на РМ и даночен обврзник на персоналниот данок на доход најважниот датум за вас е 15 март 2011 година, крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) во која збирно треба да ги пријавите сите приходи кои сте ги оствариле, во земјата и во странство, во текот на изминатата 2010 година. Ви препорачуваме својата обврска да ја исполните навремено, со цел избегнување на метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава ...
 
28.01.2011
Бруто плата 2011 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија изнесува 30.349 денари, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2011 година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2011 година изнесува 15.174,50 денари, додека највисока основица изнесува 121.396,00 денари. Обврзниците можат да го внесат новиот износ на просечната плата, рачно во клиентскиот софтвер или да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер од 28.01.2011 година, која го содржи новиот параметар...
 
27.01.2011
До 28 февруари - Пријавување на данок на добивка и “годишен данок на вкупен приход“
Правното лице-резидент на РМ кој остварува добивка во земјата и странство и организационата единица на нерезидент кој остварува добивка на територија на РM, имаат обврска до УЈП да поднесат образец “ДБ“. Ако пак сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност и ако во последните три години, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“, имате обврска да ги поднесете обрасците “ДБ-ВП“ и “РДО-ВП“. Поради обемот и динамиката на поднесување на извештаи, биланси, пријави... до УЈП во периодот јануари-март, ви препорачуваме навреме да ги исполните вашите обврски за да ги избегнете метежите во даночните канцеларии.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија