Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
05.01.2017
Правни и физички лица – поднесете Пријава за регистрација за ДДВ

Даночните обврзници (правни и физички лица) кои во претходната календарска година (заклучно со месец Декември 2016 година) од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) најдоцна до 15 јануари 2017 година.
Во истиот рок Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата “ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk

Истовремено, потсетуваме дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.

За повеќе информации во однос на обврските за регистрација, пријавување и плаќање на ДДВ преземете ја најновата брошура за „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност“ (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8).

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија