Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

05.01.2011
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2011 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
 
04.01.2011
Пријавете се за обуки е-ДАНОЦИ!
Е-Даноци ви овозможува, без чекање на шалтери и 24 часа / 7 дена, од вашето работно место или од дома, користејќи интернет: да вршите електронски увид во даночна картица, да вршите проверка и да бидете во тек со состојбата на вашите даночни побарувања и обврски...Информирајте се кога се одржува обуката за е-Даноци во вашиот град, односно општина и пријавете се. Учеството е бесплатно!
 
28.12.2010
Граѓани и вршители на дејност - Дали сте ги подмириле вашите обврски за персонален данок?
Ги информираме граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2009 година (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2010 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок. Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) ...За сите даночни обврзници кои не ги исполните даночните обврски во законски предвидениот рок, наведен во даночното решение, Управата за јавни приходи ќе отпочне со достава на опомени за неплатен даночен долг, односно ќе бидат отпочнати постапки за присилна наплата на данокот.
 
23.12.2010
Од 1 јануари – Прагот за регистрација за целите на ДДВ зголемен на 2 милиони денари
Ги информираме даночните обврзници дека од 1 јануари 2011 година, ќе се применува новиот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари, наместо досегашниот од 1.300.000 денари. Задолжителниот праг ќе важи за сите даночни обврзници кои во текот на 2011 година ќе остварат промет над 2.000.000 денари, почнувајќи со месец Јануари. Во функција на усогласување со законските измени, донесена е и нова Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01”) ...
 
15.12.2010
Самостојни вршители на дејност - Пријавете се за паушално плаќање на персоналниот данок до 31 декември
Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др), а кој не е во состојба да води деловни книги или на кого водењето на деловните книги му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2011 година да го плаќа според паушално утврден нето приход ...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија