Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

18.03.2011
Демант - “А1“ (текст: „Фронтален напад врз А1“)
Во врска со прилогот на А1 „Фронтален напад врз А1“ објавен во вестите на А1 телевизија во 19.00 часот на 17.03.2011 година (новинар: Мишко Иванов), ги демантираме изнесените информации дека Управата за јавни приходи истапува со различни информации, како и реагираме на изнесување на делумни информации од страна на редакцијата на А1. Управата за јавни приходи стои зад сите информации кои ги изнесува и пласира во јавноста. Преку цитирање само на делови од нацрт-записници на УЈП, избрани од редакцијата на А1, се искривува сликата во јавноста за посочениот случај...
 
18.03.2011
ИНФО - Плаќање на радиодифузната такса
Информирајте се за роковите и можностите во однос на начините на плаќање на радиодифузната такса, постапката за вадење на дупликат/копие од решението за радиодифузната такса...
 
11.03.2011
Самостојни вршители на дејност - Поднесете Годишен даночен биланс!
Остануваат уште неколку дена за поднесување на „Биланс на приходи и расходи“ и „Годишен даночен биланс“, кои до 15 март 2011 треба да ги достават трговците-поединци и физичките лица кои остваруваат приходи од: стопанската дејност (фризери, бербери, златари, такси превозници...), давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози...), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи. Обрасците се бесплатни и може да ги преземете од веб страницата или на шалтери во УЈП.
 
28.02.2011
Нова брошура и видео - Изготвување на пресметка за плата
Новата брошура „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ ќе ви oвозможи помош и поддршка при пополнување и доставување на месечните податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок (образец “МПИН“). Со цел олеснување и помош при пополнувањето на клиентскиот софтвер, Управата за јавни приходи изготви и интерактивни упатства (видео), а кои даваат практично објаснување како треба да вршите пресметка во специфичните случаи кои може да се појават при изготвувањето на платите. Брошурата и видео материјалите се достапни на веб страницата на УЈП ...
 
25.02.2011
Нови обрасци – „Биланс на приходи и расходи“ и „Годишен даночен биланс за персонален данок“
Ги информираме даночните обврзници дека од 24 февруари 2011 година во примена се новите обрасци (објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 22/11 од 23.02.2011 година): Биланс на приходи и расходи (образец “Б“) и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход (образец “ПДД-ДБ“). Даночните обврзници кои поднеле стари обрасци “Б“ и “ПДД-ДБ“ до 23.02.2011 година ќе бидат прифатени за обработка, а од 24.02.2011 година поднесувањето ќе се врши на новите обрасци''.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија