Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
09.01.2017
Граѓани и вршители на дејност - Дали сте ги подмириле вашите обврски за персонален данок?

Ги информираме граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок.
Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.

Проверете преку интернет дали должите персонален данок
Граѓанинот може да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет користејќи ја услугата „е-Плаќање на персонален данок“.
Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp
За повеќе информации преземeте го флаерот „e-Плаќање на персонален данок“ (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60)

Начини на издавање на препис на даночно решение за персонален данок
Доколку граѓанинот по различни основи има потреба да му биде издадено Решение за утврдување на персонален данок, може да поднесе Барање за препис (УЈП-ПР-З.2-16/1).

За дополнителни информации можете да не контактирате преку Инфо центарот 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија