Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
12.01.2017
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ИЗВЕШТАИ И ИЗДАВАЊЕ НА ЗБИРНИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ИСПЛАТЕНИ ПРИХОДИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

I. до 25 јануари – Издавање на збирни пресметки на граѓаните за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година!

Фирмите и работодавците како исплатители на приходи имаат обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година на сите физички лица (граѓани) на кои во текот на изминатата година вршеле исплати на приходи, да им издадат Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година.

Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП).
Податоците во Збирната пресметка треба да бидат искажани во согласност со бараните податоци во Годишната даночна пријава, односно Законот за персоналниот данок на доход.

Пример на Збирна пресметка:

Поле од ПДД-ГДП Вид на остварен приход Бруто износ на приход Вкупен износ на одбитоци Искористено даночно ослободување при аконтативно оданочување Вкупен износ на платени аконтации
 1 Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси  1.000.000 270.000 88.284 64.172
 2 Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси  10.000 / / 1.000

Непочитување на законските рокови и обврски
Доколку до 25 јануари 2017 година, економските субјекти на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2016 година, законот предвидува глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице во даночниот обврзник, ќе му биде изречена глоба во износ од 30% од одмерената глоба за даночниот обврзник.


II. до 31 јануари - Поднесување на годишни извештаи за иплатени приходи на физички лица и други годишни извештаи за 2016 година
Фирмите-исплатувачи за изминатата 2016 година имаат обврска најдоцна до 31 јануари 2017 година, задолжително по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk да поднесат:

  1. Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”) – за извршените исплати на граѓани во 2016 година по основ на откуп на земјоделски производи, а во кој се пријавуваат и податоци за физичките лица од кои извршиле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход.
  2. Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЦО”) – за извршениот откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци во 2016 година, а во кој ги пријавуваат и бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година.
  3. Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”) - поднесуваат организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, а во кој треба да ги пријават лицата кој ги користеле продажните места на зелениот пазар во изминатата 2016 година.
  4. Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”) - за извршените исплати на приходи на физички лица/граѓани во 2016 година, по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.
    Напомена: Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај “ПДД-ГИ“.
  • Искажување на примања на членови на органите за управување и надзор на трговските друштва во Годишниот извештај (ПДД-ГИ)
    Исплатувачите кои вршеле исплата на надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување и се обврзници за пресметка и уплата на придонесите согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, исплатите по овие основи во Годишниот извештај (образец “ПДД-ГИ”) за 2016 година треба да ги искажат на полето 3.4 - Примања на членови на органите за управување и надзор на трговските друштва. При внесот на “Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во:
    - колона 3 - се внесува податок за износ на бруто приходи, односно збирот од исплатениот нето приход, платените придонеси и персоналниот данок на доход;
    - колона 4 - се внесува износ на одбитоци, односно платените придонеси;
    - колона 6 - се внесува износот на платениот персонален данок на доход;
    - колона 7 - се внесува износот на исплатениот нето приход.
    Начинот на пополнување во “Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај “ПДД-ГИ“ за видот на исплатите 3.4, се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник.
  • Насоки за пополнување на Годишен извештај (ПДД-ГИ) за исплатувачи со голем број на исплати (над 500 исплати)
    Даночните обврзници кои во 2016 година извршиле голем број на исплати, над 500 исплати по сите видови, при поднесување на Годишниот извештај образец “ПДД-ГИ” задолжително треба да ја користат новата форма - ПДД-ГИ над 500 исплати со прикачување на xml датотека како прилог.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија