|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
31 |
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
06.11.2013
Секојдневно во контролите на мобилните екипи на УЈП, се евидентираат случаи на навредување и попречување на даночниците да ги извршуваат службените должности, вклучувајќи и ургенции од локални моќници и вработени од УЈП за намалување на казните на бизниси кои се управувани од нивното семејство или пријатели. Во општина Чашка, при контрола на фискализација кај даночен обврзник, повеќе лица се собрале надвор од објектот и гласно упатувале погрдни зборови. Со цел спречување на евентуални инциденти, доставена е пријава во МВР, при што е утврдено дека едно од лицата е висок полициски службеник...
|
|
05.11.2013
Скопје – Во периодот од 4 до 5 ноември 2013 година во Контакт центарот на УЈП се одржа работна средба помеѓу претставниците од Косовската даночна администрација и Управата за јавни приходи, во рамки на регионалната соработка за размена на искуства и најдобри практики која Управата за јавни приходи ја има воспоставено со земјите од регионот...
|
|
31.10.2013
Скопје - Од 29 до 31 октомври 2013 година, во х.Александар Палас се одржува меѓународна работилница на тема „Подобрување на доброволната усогласеност преку едукација“. На настанот организиран во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), учествуваат 39 претставници на даночни администрации од 20 држави, како и претставници од IOTA и IBFD (International Bureau of Fiscal Documentation). Во фокусот на работилницата е едукација на даночните обврзници, која е значаен фактор кога станува збор за доброволното пријавување и наплата на даноците...
|
|
25.10.2013
Виница - Денес/25 октомври 2013 година двајца даночни контролори од Регионалната дирекција Скопје биле спречени во вршењето на службените должности, а едниот бил и физички нападнат од Петре Анѓелов, сопственик на хотелот „Шагал“, лоциран во близина на Виница. Во текот на контролата, даночниците откриле дека сопственикот води интерни евиденции за остварениот промет. Додека траел увидот во документацијата, двајцата даночни контролори биле вербално навредувани, а во моментот кога ја откриле неправилноста во работењето, сопственикот на хотелот физички го нападнал даночниот контролор кој вршел увид во интерната документација и брутално му ја одзел, со што оневозможил увид во истата од страна на службените лица од УЈП. По инцидентот, случајот е пријавен во полициската станица Виница, а сопственикот на објектот е приведен...
|
|
24.10.2013
Тетово – Денес/24 октомври 2013 година, истурена е непозната течна материја во просториите на Управата за јавни приходи во Тетово. Имено, утринава кога вработена во Регионалната дирекција Тетово пристигнала на работното место забележала дека во ходникот, пред влезот во канцелариите на Управникот и Заменик управникот, има истурено поголема количина на непозната течна материја со сребреникава боја, која многу наликува на жива. Со цел, преземање на соодветни мерки за постапување со непознатата течност, случајот е веднаш пријавен во СВР Тетово и Противпожарната служба...
|
|
|
|
|
|
|