Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

28.09.2011
Демант - „СДСМ“ (Јавното обвинителство да го испита работењето на агенцијата за привремени вработувања “Проспект“)
Погубно за македонската економија, што определени “ексерти“ и општествени чинители, сеуште вршат етикетирања на бизносот од типот на “наши“ и “ваши“. Управата за јавни приходи не се раководи од ваквата матрица, што не се совпаѓа ниту со здравата економска логика, ниту пак може да се применува кога се во прашање даноците. Единствен и релевантен критериум по кој УЈП ги препознава фирмите во Македонија е ризичноста на нивното работење, а не местото или некаква поделба на “наши“ и “ваши“... Новиот систем на УЈП, граден со помош на меѓународни експерти, ја исклучува можноста за селективно постапување. Ја информираме јавноста дека работењето на Агенцијата “Проспект“, за која СДСМ ја стави на “испит“ Управата за јавни приходи...
 
09.08.2011
Обуки - Како даночните инспектори да ги подобрат услугите на УЈП?
Денес се одржа првата од четирите планирани обуки на тема „Ефикасни комуникациски вештини за даночните инспектори и даночните извршители“, кои ќе се спроведуваат во рамките на Проектот “Поддршка на даночните реформи“, финансиран од Европската унија (ИПА2007). Поагајќи од фактот дека сеуште во јавноста преовладува перцепцијата за УЈП како репресивен орган, што се должи најмногу на природата на функциите како што се “даночниот инспекторат“ и “присилната наплата на даноците“, главна цел и интерес на обуките е подобрувањето на вештините и техниките за комуникација на вработените кои треба да обезбедат доверба во нашата професионалност, ефикасност, транспарентност и услужна ориентираност, но и имплементирање на Програмата за континуирано учење и развој ...
 
08.08.2011
Издавањето на викендици, соби, скутери...да се пријави во УЈП
Поради екот на летната сезона, ги потсетуваме граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријавaт во Управата за јавни приходи. Пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена ...
 
22.07.2011
Фискализација - Угостителите и Скопјани најголеми неплаќачи
Засилените даночни контроли на УЈП во делот на фискализацијата покажаа дека според дејноста угостителите и трговците на мало се оние кои најмногу се обидуваат да го заобиколат законот. На листата на оние кои се обидуваат да плаќаат помалку данок се и нотарите и стоматолозите, но не толку вешти се и некои даночни службеници во УЈП кои криејќи се зад семејните бизниси ја поттикнуваат сивата економија наместо да делуваат во нејзино намалување. Обидите на скопјани да плаќаат помалку данок преку неиздавање на фискални сметки и покрај постојаните апели во јавноста и едукацијата која на терен ја спроведува УЈП, резултираше 81 фирма да се соочаат со парични казни од вкупно 109.600 евра, што е само уште една потврда дека во Македонија не е веќе исплатливо да се работи незаконски. Зад скопјани не заостануваат ниту охриѓани. Даночните контроли во Охрид покажаа дека во екот на туристичката сезона, сите 34 контролирани објекти направиле прекршок во делот на фискализација...
 
12.07.2011
Внимавајте на лица кои лажно се претставуваат дека се даночници!
Управата за јавни приходи регистрираше случај на лице кое на сопственото возило неовластено ги користи обележјата на Република Македонија и Управата за јавни приходи. Укажуваме на граѓаните, а посебно даночните обврзници, да бидат вниматални со цел избегнување да бидат мета на “лажните даночници“, кои злоупотребувајќи ги надлежностите и обележјата на УЈП се обидуваат да извлечат материјална или друга корист за себе ...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија