Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.10.2013
Нападнати службеници на УЈП во Виница

Виница - Денес/25 октомври 2013 година двајца даночни контролори од Регионалната дирекција Скопје биле спречени во вршењето на службените должности, а едниот бил и физички нападнат од Петре Анѓелов, сопственик на хотелот „Шагал“, лоциран во близина на Виница. Во текот на контролата, даночниците откриле дека сопственикот води интерни евиденции за остварениот промет. Додека траел увидот во документацијата, двајцата даночни контролори биле вербално навредувани, а во моментот кога ја откриле неправилноста во работењето, сопственикот на хотелот физички го нападнал даночниот контролор кој вршел увид во интерната документација и брутално му ја одзел, со што оневозможил увид во истата од страна на службените лица од УЈП. По инцидентот, случајот е пријавен во полициската станица Виница, а сопственикот на објектот е приведен.
За сопственикот на хотелот, од страна на Управата за јавни приходи е поднесена кривична пријава, изречени се глоби за попречување на контрола во висина од 4 000 евра, за неиздавање на фискални сметки 3 250 евра, како и забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.
Според податоците од терен, во контролите кои беа спроведени во Кочани и Виница утврдени се неправилности во работењето кај 10 објекти за кои истотака се изречени глоби во висина од 3 250 евра, како и забрани за вршење на дејност. Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија