Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
31.10.2013
Меѓународна работилница за подобрување на доброволното пријавување на даноци преку едукација на даночниот обврзник

Скопје - Од 29 до 31 октомври 2013 година, во х.Александар Палас се одржува меѓународна работилница на тема „Подобрување на доброволната усогласеност преку едукација“. На настанот организиран во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), учествуваат 39 претставници на даночни администрации од 20 држави, како и претставници од IOTA и IBFD (International Bureau of Fiscal Documentation).

Во фокусот на работилницата е едукација на даночните обврзници, која е значаен фактор кога станува збор за доброволното пријавување и наплата на даноците.

Кои се формите и методите на едукација кои ги применуваат даночните администрации, кои се главните причини и карактеристиките на даночните обврзници кои не се усогласуваат доброволно со даночните закони...се само дел од прашањата на кои даночниците на тридневната работилница разменуваат искуство со цел примена на методи и практики кои даваат најдобри резултати, користење на практични мерки за да се адресира недостигот на знаење на даночните обврзници, утврдување на можни пречки во достигнување на доброволната усогласеност и понатамошен развој на едукацијата на даночниот обврзник.

Исто така, учесниците на настанот имаат можност да се запознаат и подетално со процесот на едукација на даночните обврзници, односно како истиот се спроведува и како е организан во Австрија, Македонија, Финска, Холандија, Шпанија и Норвешка, но и да ги слушнат препораките на даночните експерти од IBFD.

Пристапот и формите на едукација, но и стратегиите кои ги применуваат даночните администрации е одреден од ставот на даночните обврзници по прашањето на доброволното пријавување и плаќање на даноците. Според општо прифатениот модел, постојат четири групи на даночни обврзници во зависност од нивните ставови: 1) обврзници кои сакаат и се интересираат да постапат правилно; 2) оние кои сакаат доброволно да ги исполнуваат своите обврски, кои се мотивирани, но недоволно стручни; 3) даночни обврзници кои не сакаат да ја исполнат даночната обврска; и 4) кои одлучиле да не ги исполнуваат даночните обврски.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија