Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

01.11.2011
И по 10 години од фискализацијата - Поединични фирми се обидуваат да не издаваат фискални сметки
Десет години од воведувањето на фискализацијата, сеуште постојат даночни обврзници кои избегнуваат да издаваат фискални сметки, со што ги поткопуваат правата на потрошувачите и претставуваат нелојална конкуренција на останатите бизниси. Ова го потврдија и последните засилени контроли на УЈП спроведени во изминатите три дена во неколку града во Македонија. Од вкупно 102 извршени контроли кај трговците на мало, кај 45 објекти Управата утврди дека истите не издавале фискални сметки, а некои од нив дури и не поседувале фискален апарат односно воопшто не го регистрирале прометот. Највисок процент на неплаќачи е забележан во Гостивар...
 
18.10.2011
Ослободување од данок на добивка за приходи до 3 милиони денари
Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.135/11 од 03.10.2011 година), се воведуваат позитивни новини во работењето на малите и микро даночни обврзници. Ослободувањето од плаќање на данокот на добивка и можноста за избор на моделот на оданочување е во насока на поттикнување на приватната иницијатива и самовработувањето во Македонија, за што клучната улога во стопанството ја имаат токму малите и микро бизниси.
 
12.10.2011
Намалено ДДВ-то за хотелски услуги и за сурово масло
Со најновите измени и дополнувања на Законот за ДДВ („Службен весник на Р.М.“, бр.135, од 03.10. 2011 година), се врши намалување на ДДВ-то односно се воведува повластена стапка од 5% како даночна стимулација на бизнисите во сферата на градежништвото, хотелиерството и прехранбената индустрија...
 
03.10.2011
Бруто плата – Нова верзија на клиентски софтвер прилагодена за исплати кон лица волонтери и по судски пресуди/спогодби
Обврзниците кои исплаќаат плата, придонеси и персонален данок, почнувајќи со изготвувањето на пресметките на бруто-плата за месец Септември треба да ја користат новата верзија на клиентскиот софтвер од 30.09.2011 година. Со надоградбата на софтверот се овозможува да се поднесуваат МПИН-пресметки за исплати по основ на судски пресуди/спогодби (вид на обврска 109), како и за исплати на надоместоци кон лица-волонтери (вид на обврска 222)...
 
28.09.2011
Демант - „СДСМ“ (Јавното обвинителство да го испита работењето на агенцијата за привремени вработувања “Проспект“)
Погубно за македонската економија, што определени “ексерти“ и општествени чинители, сеуште вршат етикетирања на бизносот од типот на “наши“ и “ваши“. Управата за јавни приходи не се раководи од ваквата матрица, што не се совпаѓа ниту со здравата економска логика, ниту пак може да се применува кога се во прашање даноците. Единствен и релевантен критериум по кој УЈП ги препознава фирмите во Македонија е ризичноста на нивното работење, а не местото или некаква поделба на “наши“ и “ваши“... Новиот систем на УЈП, граден со помош на меѓународни експерти, ја исклучува можноста за селективно постапување. Ја информираме јавноста дека работењето на Агенцијата “Проспект“, за која СДСМ ја стави на “испит“ Управата за јавни приходи...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија