Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.11.2013
Размена на искуства за „е-Контроли“ со Косовските даночници

Скопје – Во периодот од 4 до 5 ноември 2013 година во Контакт центарот на УЈП се одржа работна средба помеѓу претставниците од Косовската даночна администрација и Управата за јавни приходи, во рамки на регионалната соработка за размена на искуства и најдобри практики која Управата за јавни приходи ја има воспоставено со земјите од регионот.

На средбата, која се организираше на барање на Косовската даночна администрација, Управата за јавни приходи го претстави начинот на спроведување на електронските контроли (e-audit), софтверските програми кои се користат при спроведувањето на овие специјализирани контроли, а беа претставени и практични примери преку кои се опфаќаат сите чекори во спроведувањето на е-контролата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија