Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.12.2013
Прво место за веб страницата на УЈП во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2013“

На манифестацијата „Сајт на годината 2013“, која се одржа на 10.12.2013 година во Кино Фросина во Скопје, веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои првото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции. Во оваа категорија, второто место е доделено на www.vlada.mk, а третото место на www.uslugi.gov.mk.

Изборот „Сајт на годината" кој се организира по четврт пат има за цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава. Организатори на настанот се „Медиа солушнс" и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk.

Номинираните беа селектирани од над 500 предлози. При изборот на најдобрите веб-страници за 2013 се земаа предвид гласовите од интернет-посетителите (40%) и на жири-комисијата (60%). Селектирајќи од номинациите за кои одлучува публиката, финалниот изглед на списокот со најдобри домашни интернет-адреси го составуви жири-комисијата, земајќи ги предвид параметрите: техничка изработка, дизајн, функционалност, содржина, интерактивност и иновативност, односно креативност.
- Целта на „Сајт на годината“ е да ги истакне најдобрите и да ги поттикне сите што се вклучени во создавањето на што поквалитетен македонски веб-простор. Намерата е тој да се развива и на тој начин да стане конкурентен на регионалниот, но и на светскиот пазар. Интернетот полека, но сигурно, станува неразделна компонента од секој сегмент од општествениот живот, а „Сајт на годината“ се обидува да им оддаде признание на сите кои со своите идеи и реализација го држат македонскиот веб-пазар во чекор со останатите - истакнаа од „Медиа солушнс“.

Истакнувајќи ја важноста на информатичко-комуникациските технологии во светот во којшто живееме и честитајќи им на победниците, писмо со поддршка на манифестацијата испрати Претседателот на РМ, д-р Ѓорѓе Иванов.
- Интернет-технологиjата и веб-страниците денес несомнено се алатка што овозможува наjбрза и наjефективна комуникациjа, пренос и презентациjа на информации и содржини. Досегашните манифестации, вклучително и годинешнава, потврдуваат дека Република Македониjа не заостанува зад светските трендови и иновации во сферата на веб-технологиjата. Македонските саjтови според квалитетот, дизаjнот и функционалноста заслужуваат наjвисоки оценки - истакна претседателот Иванов.

Управата за јавни приходи по втор пат добива признание за својата веб страна www.ujp.gov.mk. На минатогоршната манифестација „Сајт на годината 2012“, која се одржа на 13.12.2012 година во Инфо центарот на ЕУ во Скопје, веб страницата на УЈП го освои третото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции.

За повеќе информации види http://sajtnagodinata.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија