Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

08.08.2011
Издавањето на викендици, соби, скутери...да се пријави во УЈП
Поради екот на летната сезона, ги потсетуваме граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријавaт во Управата за јавни приходи. Пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена ...
 
22.07.2011
Фискализација - Угостителите и Скопјани најголеми неплаќачи
Засилените даночни контроли на УЈП во делот на фискализацијата покажаа дека според дејноста угостителите и трговците на мало се оние кои најмногу се обидуваат да го заобиколат законот. На листата на оние кои се обидуваат да плаќаат помалку данок се и нотарите и стоматолозите, но не толку вешти се и некои даночни службеници во УЈП кои криејќи се зад семејните бизниси ја поттикнуваат сивата економија наместо да делуваат во нејзино намалување. Обидите на скопјани да плаќаат помалку данок преку неиздавање на фискални сметки и покрај постојаните апели во јавноста и едукацијата која на терен ја спроведува УЈП, резултираше 81 фирма да се соочаат со парични казни од вкупно 109.600 евра, што е само уште една потврда дека во Македонија не е веќе исплатливо да се работи незаконски. Зад скопјани не заостануваат ниту охриѓани. Даночните контроли во Охрид покажаа дека во екот на туристичката сезона, сите 34 контролирани објекти направиле прекршок во делот на фискализација...
 
12.07.2011
Внимавајте на лица кои лажно се претставуваат дека се даночници!
Управата за јавни приходи регистрираше случај на лице кое на сопственото возило неовластено ги користи обележјата на Република Македонија и Управата за јавни приходи. Укажуваме на граѓаните, а посебно даночните обврзници, да бидат вниматални со цел избегнување да бидат мета на “лажните даночници“, кои злоупотребувајќи ги надлежностите и обележјата на УЈП се обидуваат да извлечат материјална или друга корист за себе ...
 
11.07.2011
УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок
Дволични се изјавите на “А1“ дека наводно бара доследно и неселективно почитување и спроведување на законите за сите и за секого, кога целокупната јавност во изминатиот период беше сведок токму на спротивното. Од почетокот на даночната постапка, даночниот обврзник во ниту еден момент не соработуваше и ја попречуваше работата на даночните власти, што е спротивно на Законот за даночна постапка. Жал ни е што раководството на “А1“, кое е запознаено со точниот износ на даночните долгови, го доведува во заблуда уредувачкиот тим, новинарите на телевизијата и целокупната јавност, бидејќи на даночниот обврзник му се доставени сите даночни акти во кои е наведен износот на даночниот долг, за кои даноци должи, за кој период се однесува долгот ..., а на негова волја е транспарентно, јасно и јавно да ги објави, за што УЈП не се противи туку напротив претпочита да се објават. УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок. Мерките и активностите на даночната администрација исклучиво зависат од секој даночен обврзник, односно дали плаќа данок или не. Во пазарни услови, судбината на компанијата и одговорноста од работењето ја има раководството и начинот на кој тоа раководство управува, во конкретниот случај со “А1“ ...
 
11.07.2011
За неплаќачите на радиодифузна такса, УЈП ќе отпочне присилна наплата
Управата за јавни приходи апелира обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок, истото да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови. Потсетуваме дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец (пр. радиодифузната такса за месец Јуни треба да се плати до 15-ти Јули), а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03% и тоа за секој ден задоцнување. Со цел олеснување на плаќањето на радиодифузната такса, граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен налог за што треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија