Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

15.12.2011
Поради приредување на игри “борби на кучиња“ - затворени седум обложувалници
ТЕТОВО - Во вчерашните контроли во Тетово, мобилните екипи на УЈП затворија 7 обложувалници кои работеле без лиценца и незаконски приредувале игри на среќа со “борби на кучиња“. Забрана за вршење на дејност поради нелиценцирано вршење на дејност е откриено уште кај 3 обложувалници, со што вкупниот број на откриени нелегални објекти се искачи на 10. Приредувањето на спортско обложување “борби со кучиња“ и “коњски трки“ во Македонија не е дозволено. Според сознанијата на УЈП, вакви нелегални активности особено се одвиваат во Тетовско и Гостивар, поради што даночните контроли на УЈП ќе продолжат и во наредниот период...
 
09.12.2011
Реакција - НВО Агтис (анкета „Влијание на инспекцискиот надзор врз деловната клима и инвестирањето“)
Дали невладината Агтис сака да ги побие извештаите и истражувањата на Светска банка, ЕУ и ММФ, според кои македонскиот даночен систем, реформите во македонската даночна администрација и бизнис климата се високо оценети и рангирани не само во регионот, туку и пошироко. Несериозно е јавното мислење за деловната клима и инвестирањето да се оценува исклучиво преку инспекциски надзор. УЈП не е само инспекција, а тоа се потврдува и со фактот дека 93% од наплатените даноци фирмите и граѓаните во РМ сами ги пријавиле во УЈП, а само 1% од даночните приходи се наплатени од инспекциски контроли. Ваквиот “истражувачки“ пристап е мошне “храбар“, но за жал води кон погубни резултати со кои се доведува во заблуда јавноста...
 
16.11.2011
Реакција - Плусинфо (текст: „УЈП им ги даночи парите за породилно отсуство на родилките“)
Во врска со текстот „УЈП им ги даночи парите за породилно отсуство на родилките“ објавен на порталот Плус инфо на 15.11.2011 година, ја информираме јавноста дека начинот, периодот...за оданочување на приходите на граѓаните е точно пропишан во Законот за персоналниот данок на доход. Персоналниот данок на граѓаните, УЈП го утврдува на годишно ниво, односно на приходите кои граѓаните ги оствариле, односно им биле исплатени во текот на една календарска година од страна на работодавачите/исплатувачите на приходи, односно во конкретниот случај за породилното боледување од страна на Фондот за здравствено осигурување на Р.М...
 
15.11.2011
68 илјади фирми не платиле радиодифузна такса
Управата за јавни приходи отпочна со дистрибуција на опомени за неплатен долг за радиодифузна такса во 2011 година. На адреса на 67,885 правни лица кои не извршиле плаќање на таксата во вкупен износ од 63,812,859 денари опомените се веќе доставени. Во втората фаза, УЈП ќе отпочне со достава на опомени и за граѓаните кои не извршиле плаќање на оваа јавна давачка, па оттука апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови...
 
10.11.2011
Во тек е регистрација на земјоделците во УЈП
Според последните податоци, заклучно со октомври 2011 година, во УЈП се регистрирале над 105 илјади земјоделци, со што е надмината минатогодишната бројка од 89 илјади. Бројката на регистрирани земјоделци, оваа година се очекува уште повеќе да се зголеми, имајќи предвид дека крајниот рок истекува на 31 декември. Доколку во 2011 година сте се занимавале со земјоделие и сте оствариле вкупен приход до 1,3 милиони денари, единствено што треба да направите е да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок (образец “ПДД-ПЗ“) и Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“)...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија