Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.12.2013
Истекува рокот за поднесување на Барања за отпис на камати на достасани обврски

На 31 декември 2013 година истекува рокот за поднесување на Барања (образец “БОК-ПЗСО”) за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година.

Апелираме, обврзниците да не го чекаат последниот рок за да ја искористат можноста за отпишување на каматите во износ од:

  1. 100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

  2. 75% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

  3. 50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

За повеќе информации за начинот на остварување на правото за отпис на камати посетете ја интернет страницата на УЈП на следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, обратете се во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 или контактирајте не преку е-пошта: info@ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија