Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
01.11.2011
Десет години од воведувањето на фискализацијата, сеуште постојат даночни обврзници кои избегнуваат да издаваат фискални сметки, со што ги поткопуваат правата на потрошувачите и претставуваат нелојална конкуренција на останатите бизниси. Ова го потврдија и последните засилени контроли на УЈП спроведени во изминатите три дена во неколку града во Македонија. Од вкупно 102 извршени контроли кај трговците на мало, кај 45 објекти Управата утврди дека истите не издавале фискални сметки, а некои од нив дури и не поседувале фискален апарат односно воопшто не го регистрирале прометот. Највисок процент на неплаќачи е забележан во Гостивар...
|
|
18.10.2011
Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.135/11 од 03.10.2011 година), се воведуваат позитивни новини во работењето на малите и микро даночни обврзници. Ослободувањето од плаќање на данокот на добивка и можноста за избор на моделот на оданочување е во насока на поттикнување на приватната иницијатива и самовработувањето во Македонија, за што клучната улога во стопанството ја имаат токму малите и микро бизниси.
|
|
12.10.2011
Со најновите измени и дополнувања на Законот за ДДВ („Службен весник на Р.М.“, бр.135, од 03.10. 2011 година), се врши намалување на ДДВ-то односно се воведува повластена стапка од 5% како даночна стимулација на бизнисите во сферата на градежништвото, хотелиерството и прехранбената индустрија...
|
|
03.10.2011
Обврзниците кои исплаќаат плата, придонеси и персонален данок, почнувајќи со изготвувањето на пресметките на бруто-плата за месец Септември треба да ја користат новата верзија на клиентскиот софтвер од 30.09.2011 година. Со надоградбата на софтверот се овозможува да се поднесуваат МПИН-пресметки за исплати по основ на судски пресуди/спогодби (вид на обврска 109), како и за исплати на надоместоци кон лица-волонтери (вид на обврска 222)...
|
|
28.09.2011
Погубно за македонската економија, што определени “ексерти“ и општествени чинители, сеуште вршат етикетирања на бизносот од типот на “наши“ и “ваши“.
Управата за јавни приходи не се раководи од ваквата матрица, што не се совпаѓа ниту со здравата економска логика, ниту пак може да се применува кога се во прашање даноците. Единствен и релевантен критериум по кој УЈП ги препознава фирмите во Македонија е ризичноста на нивното работење, а не местото или некаква поделба на “наши“ и “ваши“... Новиот систем на УЈП, граден со помош на меѓународни експерти, ја исклучува можноста за селективно постапување. Ја информираме јавноста дека работењето на Агенцијата “Проспект“, за која СДСМ ја стави на “испит“ Управата за јавни приходи...
|
|