Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

28.01.2011
Бруто плата 2011 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија изнесува 30.349 денари, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2011 година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2011 година изнесува 15.174,50 денари, додека највисока основица изнесува 121.396,00 денари. Обврзниците можат да го внесат новиот износ на просечната плата, рачно во клиентскиот софтвер или да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер од 28.01.2011 година, која го содржи новиот параметар...
 
27.01.2011
До 28 февруари - Пријавување на данок на добивка и “годишен данок на вкупен приход“
Правното лице-резидент на РМ кој остварува добивка во земјата и странство и организационата единица на нерезидент кој остварува добивка на територија на РM, имаат обврска до УЈП да поднесат образец “ДБ“. Ако пак сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност и ако во последните три години, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“, имате обврска да ги поднесете обрасците “ДБ-ВП“ и “РДО-ВП“. Поради обемот и динамиката на поднесување на извештаи, биланси, пријави... до УЈП во периодот јануари-март, ви препорачуваме навреме да ги исполните вашите обврски за да ги избегнете метежите во даночните канцеларии.
 
17.01.2011
Во 2010 година – Македонските даночни обврзници платиле 50,2 милијарда денари
Македонските даночни обврзници по основ на даноци во 2010 година платиле вкупно 50.257.179.479,00 денари, што е 0,31% повеќе во однос на буџетскиот план и 4,01% повисок износ во однос на 2009 година. Стопроцентната наплата на даночните приходи од страна на УЈП покажува дека приходите по овој основ се реално проектирани во Буџетот на РМ и соодвествуваат со ликвидноста, но и најважно со економските активности на македонските фирми. Потврда за ова е и фактот што 90% од даноците во 2010 се доброволно наплатени...
 
14.01.2011
До 15 Февруари - Поднесете Годишен извештај за исплатените приходи во 2010
Правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во текот на 2010 година извршиле исплата на приходи на физички лица (граѓани) должни се до УЈП да поднесат Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците (образец “ПДД-ГИ”), за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во изминатата година. Фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи и по овој основ во изминатата година исплатиле приходи на физички лица, должни се до УЈП да достават Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”)...
 
05.01.2011
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2011 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија