Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

10.02.2009
Пред истекот на рокот - Поднесени 40.699 пресметки за интегрирана наплата
Денес/10-ти февруари е крајниот рок за поднесување на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец "МПИН"). Според најновите податоци на Управата за јавни приходи, до 12:00 часот доставени и обработени пресметки за плата се вкупно 40.699 за 301.594 вработени, од кои прифатени како точни се 37.881, а 2.818 месечни пресметки се одбиени.
 
09.02.2009
До 12 часот - Поднесени 35.166 пресметки за плата до УЈП
Утре/10 февруари е крајниот рок за поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН“). Според последните податоци на Управата за јавни приходи до 12.00 часот доставани и обработени пресметки за плата се вкупно 35.166, од кои прифатени се 30.678.
 
08.02.2009
До 15 февруари - Поднесување на Годишен извештај за исплатени приходи во 2008 (образец “ПДД-ГИ)
Правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои извршиле исплата на приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до УЈП да поднесат Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во календарскиот период од 1 јануари до 31 декември 2008 година. Прием на даночните пријави ќе се врши и во сабота/14 февруари и во понеделник/16 февруари, од 08.30 до 16.30 часот.
 
05.02.2009
Прием на пресметки за плати и за време на викендот
УЈП ги информира обврзниците дека прием на Месечни пресместки за интегрирана наплата (образец “МПИН“) ќе се врши и за време на викендот/сабота 7 февруари и недела 8 февруари/, од 8.30 до 18.00 часот, во сите даночни канцеларии низ Републиката.
 
29.01.2009
Објавена просечната месечна исплатена бруто-плата за месец ноември 2008
УЈП ги информира даночните обврзници дека просечната плата по работник во Република Македонија, според која се одредува минималната основица за пресметување и плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување, односно основица за осигурување (согласно член 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување) изнесува 27.507,00 денари.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија