Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.01.2011
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2011 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр.166/10)

ПЛАТА ЗА ЈАНУАРИ 2011 ГОДИНА
 Вид на придонес Стапка на придонес
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18%
Задолжително здравствено осигурување  7,3%
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%
Вид на придонес за пензиското и инвалидското осигурување
за стажот на осигурување што се смета
со зголемено траење
Стапка на придонес
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3.00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1.50%


Даночно ослободување

Истовремено, почнувајќи со исплатата на јануарската плата, ќе се применува даночното ослободување во износ од 7.316 денари месечно, односно на годишно ниво за 2011 година во износ од 87.792 денари.


Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за Јануари 2011 година, задолжително преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (образец МПИН) достапен преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81

Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk. При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.


Поднесување на пресметки за плата за 2010 и 2009 година

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (за 2009 или за 2010 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија