Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

16.01.2009
Исправка на Оглас за продажба за “ЖИТО СКОПЈЕ“ СКОПЈЕ од 15.01.2009 година
Во огласот за продажба на недвижност по пат на втора усна јавна аукција за даночниот должник “ЖИТО СКОПЈЕ“ СКОПЈЕ, објавен на ден 15.01.2009 година во дневниот весник “ДНЕВНИК“ во делот кој се однесува на деловен објект запишан во Имотен лист бр.1044 за КО Гази Баба, К.П. 1965 на в.м. “357“, со вкупна површина од 2729 м2, во почетната цена на недвижноста направена е техничка грешка, наместо износот од 11.792.018,00 денари, треба да стои износ од 111.792.018,00 денари.
 
16.01.2009
“Бруто плата“ - Од следната седмица тест период за поднесување на пресметка за плата
Со цел избегнување на евентуални грешки, како и навремено усогласување на системите за пресметка на плата на работодавачите, Управата за јавни приходи дава можност секој работодавач да го тестира својот систем со поднесување на тест-пресметка на плата.
 
16.01.2009
Право на отпис на камати за доспеани обврски за јавни давачки и споредни даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година
Правото на отпис на камати даночните обврзници може да го остварат за доспеаните обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година, доколку извршат плаќање на основниот долг и споредните даночни давачки во текот на 2009 година, во рамки на утврдените рокови (до 30 април, до 31 август или до 31 декември 2009 година).
 
14.01.2009
Продолжување на работно време за поднесување на "ДДВ-04" и "МДБ"
Заради навремено исполнување на даночните обврски и поднесување на даночните пријави за ДДВ и Месечен даночен биланс, на 15-ти јануари 2009/четврток/ (краен рок за поднесување на даночните пријави) даночните канцеларии на УЈП ќе работат со продолжено работно време, до 18:00 часот.
 
09.12.2008
Во врска со реакциите за поврат на ДДВ
Во врска со последните реакции на стопанствениците од Велес за поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека враќањето на данокот се одвива редовно и со несмален интензитет согласно барањата на даночните обврзници. Само во изминатата недела извршен е поврат на данокот на додадена вредност во висина од 1 милијарда денари, што говори за неоснованост на локалните критики за централизираниот систем за поврат на ДДВ.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија