Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

05.02.2009
Прием на пресметки за плати и за време на викендот
УЈП ги информира обврзниците дека прием на Месечни пресместки за интегрирана наплата (образец “МПИН“) ќе се врши и за време на викендот/сабота 7 февруари и недела 8 февруари/, од 8.30 до 18.00 часот, во сите даночни канцеларии низ Републиката.
 
29.01.2009
Објавена просечната месечна исплатена бруто-плата за месец ноември 2008
УЈП ги информира даночните обврзници дека просечната плата по работник во Република Македонија, според која се одредува минималната основица за пресметување и плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување, односно основица за осигурување (согласно член 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување) изнесува 27.507,00 денари.
 
29.01.2009
Потпишана "Декларација за соработка со земјите од регионот"
Управата за јавни приходи потпиша Декларација за соработка со земјите од регионот на мултилатералната средба која се одржа на 22 и 23 јануари во Косово. Со потпишувањето на оваа декларација даночните администрации на Албанија, Бугарија, Косово, Македонија и Турција се согласија:
 
29.01.2009
Пресметки на плати “МПИН“ во случаи на користење на боледување, породилно отсуство, ослободување од персонален данок за нововработени лица ...
Ги информираме даночните обврзници дека софтверот за интегрирана наплата во Управата за јавни приходи не ги прифаќа пресметките на плата “МПИН“ на работодавачите кои имаат вработени лица кои користат боледување, породилно отсуство, ослободување од персоналниот данок за нововработени лица и други случаи во кои се пресметува придонес или данок, а плаќањето не е на товар на работодавачот. Во сите вакви случаи, иако пресметката на плата на работодавачот е точна, системот издава налог за плаќање кој содржи износ за плаќање од сметката на работодавачот.
 
28.01.2009
Барања за отпис на камати ќе се примаат и во сабота/31.01.2009
Заради целосно запазување на законскиот рок за поднесување на “Барање за отпис на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки кои доспеале за плаќање на 31.12.2008 година“, даночните канцеларии на Управата за јавни приходи ќе вршат архивски прием на Барањата и во сабота 31.01.2009 година, од 08,30 до 16,30 часот.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија