Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
15.11.2011
Управата за јавни приходи отпочна со дистрибуција на опомени за неплатен долг за радиодифузна такса во 2011 година. На адреса на 67,885 правни лица кои не извршиле плаќање на таксата во вкупен износ од 63,812,859 денари опомените се веќе доставени. Во втората фаза, УЈП ќе отпочне со достава на опомени и за граѓаните кои не извршиле плаќање на оваа јавна давачка, па оттука апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови...
|
|
10.11.2011
Според последните податоци, заклучно со октомври 2011 година, во УЈП се регистрирале над 105 илјади земјоделци, со што е надмината минатогодишната бројка од 89 илјади. Бројката на регистрирани земјоделци, оваа година се очекува уште повеќе да се зголеми, имајќи предвид дека крајниот рок истекува на 31 декември. Доколку во 2011 година сте се занимавале со земјоделие и сте оствариле вкупен приход до 1,3 милиони денари, единствено што треба да направите е да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок (образец “ПДД-ПЗ“) и Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“)...
|
|
02.11.2011
Oд 1 ноември 2011 година, граѓаните имаат нова можност - радиодифузната такса да ја плаќаат и во продажните мрежи TOBACCO, Together и 24/7 низ Македонија.Без чекање на редици и без сложени процедури, граѓаните ќе можат плаќањето на таксата да го вршат брзо, едноставно и во секое време од денот 24 часа/7 дена во неделата...
|
|
01.11.2011
Десет години од воведувањето на фискализацијата, сеуште постојат даночни обврзници кои избегнуваат да издаваат фискални сметки, со што ги поткопуваат правата на потрошувачите и претставуваат нелојална конкуренција на останатите бизниси. Ова го потврдија и последните засилени контроли на УЈП спроведени во изминатите три дена во неколку града во Македонија. Од вкупно 102 извршени контроли кај трговците на мало, кај 45 објекти Управата утврди дека истите не издавале фискални сметки, а некои од нив дури и не поседувале фискален апарат односно воопшто не го регистрирале прометот. Највисок процент на неплаќачи е забележан во Гостивар...
|
|
18.10.2011
Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.135/11 од 03.10.2011 година), се воведуваат позитивни новини во работењето на малите и микро даночни обврзници. Ослободувањето од плаќање на данокот на добивка и можноста за избор на моделот на оданочување е во насока на поттикнување на приватната иницијатива и самовработувањето во Македонија, за што клучната улога во стопанството ја имаат токму малите и микро бизниси.
|
|