Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
01.11.2011
И по 10 години од фискализацијата - Поединични фирми се обидуваат да не издаваат фискални сметки

Десет години од воведувањето на фискализацијата, сеуште постојат даночни обврзници кои избегнуваат да издаваат фискални сметки, со што ги поткопуваат правата на потрошувачите и претставуваат нелојална конкуренција на останатите бизниси.

Ова го потврдија и последните засилени контроли на УЈП спроведени во изминатите три дена во неколку града во Македонија (Куманово, Тетово, Гостивар, Демир Хисар, Крушево, Гевгелија, Валандово, Велес и Скопје). Од вкупно 102 извршени контроли кај трговците на мало, кај 45 објекти Управата утврди дека истите не издавале фискални сметки на потрошувачите, а некои од нив дури и не поседувале фискален апарат односно воопшто не го регистрирале прометот.

Највисок процент на неплаќачи е забележан во Гостивар. Во 20 случаи УЈП има изречено глоби кои се движат од 200 до 2800 евра во денарска противвредност. Исто така, при контролите на два објекта во овој град, невообичаено за редовното работење на Управата, побарана е и асистенција од полицијата поради одбивање на соработка од страна на даночниот обврзник и спреченост на службените лица на УЈП да извршат увид во финансиската документацијата.

Апелираме до даночните обврзници во целост да се придржуваат до процедурите, водењето на документацијата и начинот на регистрирање на плаќањата во готово. За неиздавање на фискални сметки и непоседување на фискален апарат предвидени се високи казни, но само за оние даночни обврзници кои претпочитаат во пракса да го кршат законот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија