Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

03.07.2009
Суспендирани даночни службеници поради користење на државен имот за приватни цели
По целосното испитување и завршување на постапката по поднесена анонимна пријава од граѓанин за непрофесионално однесување на вработени во УЈП, Единицата за професионални стандарди утврди дека даночни извршители од Регионална Дирекција Штип со службено возило Сеат Ибица, сопственост на УЈП, во работно време предвидено за извршување на работни задачи и обврски пренесувале кошници за пчели и извршиле пречекорување во користењето на државен имот за вршење на приватни работи.
 
03.06.2009
Посебни напомени за користење на 3.1.12 верзијата на клиентскиот софтвер за пресметка на плата
Со инсталацијата на новата верзија останува бројот на верзијата 3.1.11, кој во позадина ги вклучува променетите структурни фајлови. Значи, новата верзија не е засебна апликација која треба да функционира истовремено и независно од претходната верзија. Истата може да се користи и за изготвување на МПИН - образец за другите обврзници за пресметка и уплата на придонеси за кои нема промени во законот.
 
28.05.2009
Нов клиентски софтвер и обврска за исправка на пресметките на плата за самовработените лица
Се известуваат даночните обврзници – самовработени лица дека, согласно најновите измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поставен е нов клиентски софтвер кој секое самовработено лице треба да го превземе и да го користи за поднесување на пресметките за плата МПИН. Измените во клиентскиот софтвер се однесуваат на самовработените лица и само тие треба да го превземат истиот! Бидејќи измените на законот се применуваат ретроактивно од 1 јануари 2009 година, сите самовработени лица за изминатите месеци (јануари – април 2009 година) треба да поднесат исправка на веќе поднесените пресметки на социјални придонеси, односно МПИН образец со исправка.
 
27.05.2009
Годишен извештај на УЈП за 2008 година
Извештајот ги презентира најважните показатели и информации за даноците и резултатите на даночната администрација во изминатата 2008 година и претставува значаен извор за спроведување на анализи за економската и даночната проблематика во Македонија.
 
19.05.2009
Во викенд контролите на УЈП – Констатирани неправилности кај 54 објекти
Спроведени се вкупно 116 контроли на малопродажни, угостителско-трговски објекти и обложувалници, од кои кај 44 даночни обврзници инспекторите констатирале непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, а кај 10 субјекти утврдено е дека нерегистрирано вршат дејност.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија