Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
15.11.2011
68 илјади фирми не платиле радиодифузна такса

Управата за јавни приходи отпочна со дистрибуција на опомени за неплатен долг за радиодифузна такса во 2011 година. На адреса на 67,885 правни лица кои не извршиле плаќање на таксата во вкупен износ од 63,812,859 денари опомените се веќе доставени.

Според Законот за даночна постапка, доколку правните лица не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, Управата за јавни приходи ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите.

Во случај обврзникот да има извршено уплати кои не се евидентирани во Управата за јавни приходи или има други забелешки, потребно е да се обрати во даночните канцеларии и да поднесете доказ за извршените уплати.

Во втората фаза, УЈП ќе отпочне со достава на опомени и за граѓаните кои не извршиле плаќање на оваа јавна давачка, па оттука апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови.

Корисни информации

За начинот на плаќање на таксата, постапката за вадење на дупликат на решение за РДТ и како да извршите исправка и ажурирање на адресните и матичните податоци, кликни тука.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија