Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
04.01.2012
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2012 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
|
|
29.12.2011
Од денес/29.12.2011/, канцелариите на Даночниот шалтер на УЈП во Ресен се преселени на нова локација, на ул. „Мите Богоевски“ бр.7, во центарот на градот. Во новите простории, граѓаните и фирмите од Општина Ресен ќе добијат подобри и поквалитетни услуги и услови за исполнување на своите даночни обврски.
|
|
16.12.2011
Ги информираме ДДВ обврзниците дека од 16.12.2011 година во примена е новиот образец за пријавување на данокот на додадена вредност “ДДВ-04“, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 173/11. Поради воведувањето на нов електронски начин на автоматско читање и обработка на податоците од пријавите, при пополнување на бараните информации, даночните обврзници потребно е да го следат начинот опишан во Упатството кое е составен дел на ДДВ-пријавата. Новина за обврзниците, која задолжително треба да се применува започнувајќи со доставувањето на ДДВ-пријавите до 25.12.2011 година, е начинот на испраќање преку пошта...
|
|
15.12.2011
ТЕТОВО - Во вчерашните контроли во Тетово, мобилните екипи на УЈП затворија 7 обложувалници кои работеле без лиценца и незаконски приредувале игри на среќа со “борби на кучиња“. Забрана за вршење на дејност поради нелиценцирано вршење на дејност е откриено уште кај 3 обложувалници, со што вкупниот број на откриени нелегални објекти се искачи на 10. Приредувањето на спортско обложување “борби со кучиња“ и “коњски трки“ во Македонија не е дозволено. Според сознанијата на УЈП, вакви нелегални активности особено се одвиваат во Тетовско и Гостивар, поради што даночните контроли на УЈП ќе продолжат и во наредниот период...
|
|
09.12.2011
Дали невладината Агтис сака да ги побие извештаите и истражувањата на Светска банка, ЕУ и ММФ, според кои македонскиот даночен систем, реформите во македонската даночна администрација и бизнис климата се високо оценети и рангирани не само во регионот, туку и пошироко. Несериозно е јавното мислење за деловната клима и инвестирањето да се оценува исклучиво преку инспекциски надзор. УЈП не е само инспекција, а тоа се потврдува и со фактот дека 93% од наплатените даноци фирмите и граѓаните во РМ сами ги пријавиле во УЈП, а само 1% од даночните приходи се наплатени од инспекциски контроли. Ваквиот “истражувачки“ пристап е мошне “храбар“, но за жал води кон погубни резултати со кои се доведува во заблуда јавноста...
|
|