Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
18.10.2011
Ослободување од данок на добивка за приходи до 3 милиони денари

Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.135/11 од 03.10.2011 година), се воведуваат позитивни новини во работењето на малите и микро даночни обврзници.
Ослободувањето од плаќање на данокот на добивка и можноста за избор на моделот на оданочување е во насока на поттикнување на приватната иницијатива и самовработувањето во Македонија, за што клучната улога во стопанството ја имаат токму малите и микро бизниси.


Малите и микро трговци кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговските друштва, и кои ќе остварат вкупен приход по сите основи до 3 милиони денари на годишно ниво, се ослободуваат од плаќање на годишен данок на вкупен приход односно данок на добивка. Практично тоа значи дека даночниот обврзник кој во 2011 година остварил вкупен приход до 3 милиони денари на годишно ниво нема да подлежи на оданочување со годишен данок на вкупен приход односно данокот на добивка, а единствена негова обврска ќе биде да поднесе образец “ДБ-ВП“ до Управата за јавни приходи и тоа најдоцна до 29 февруари 2012 година.


Од 3 до 6 милиони денари - можност за избор на моделот на оданочување

Со измените и дополнувањата се избриша условот од три години за влез во поедноставениот даночен режим. На овој начин сега сите субјекти, вклучувајќи ги и оние кои се основани и кои оствариле вкупен приход во 2011 година до 3 милиони денари или вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво, имаат право за влез во овој режим доколку ги исполниле наведените услови за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход.

Дополнителна новина за даночните обврзници чиј вкупен приход ќе надмине над 3 милиони денари е што сами ќе можат да изберат еден од двата модели на оданочување, односно дали ќе плаќаат годишен данок на вкупен приход или пак данок на добивка. Така на пример, ако вкупниот приход кој го остварил даночниот обврзник во 2011 година се движи од 3.000.001 до 6.000.000 денари, истиот има право да се определи да плаќа или годишен данок на вкупен приход од 1% или данок на добивка од 10%.

Доколку даночниот обврзник избере да плаќа годишен данок на вкупен приход од 1%, до Управата за јавни приходи ќе треба да поднесе образец “ДБ-ВП“ најдоцна до 29 февруари 2012 година. Во ваков случај, моделот на оданочување со “годишен данок на вкупен приход“ ќе се применува во период од три години, вклучувајќи ја и 2011 година.


Приходите над 6 милиони денари се оданочуваат со данокот на добивка

Во случаите кога вкупниот приход ќе го надмине износот од 6.000.000 денари на годишно ниво, без разлика за кој модел се определил даночниот обврзник, истиот се оданочува според моделот на данок на добивка.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија