Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
10.11.2011
Во тек е регистрација на земјоделците во УЈП



Според последните податоци, заклучно со октомври 2011 година, во УЈП се регистрирале над 105 илјади земјоделци, со што е надмината минатогодишната бројка од 89 илјади. Бројката на регистрирани земјоделци, оваа година се очекува уште повеќе да се зголеми, имајќи предвид дека крајниот рок истекува на 31 декември.





Постапката за регистрација е едноставна

Доколку во 2011 година сте се занимавале со земјоделие и сте оствариле вкупен приход до 1,3 милиони денари, единствено што треба да направите е да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок (образец “ПДД-ПЗ“) и Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“), најдоцна до 31 декември до даночната канцеларија на УЈП. Постапката и условите се исти без разлика дали станува збор за вршење на земјоделска дејност како основно или дополнително занимање на граѓанинот. Земјоделецот пак кој во 2009 или 2010 година се регистрирал во УЈП, оваа година треба да поднесе само Барање за паушално оданочување.


Приходите до 300 илјади денари ослободени од данок

Доколку земјоделието е ваша основна дејност и доколку сте оствариле годишен приход до 300 илјади денари, вие сте ослободени од плаќање на персонален данок, односно до овој износ вашите приходи нема да се оданочат, но обврската за поднесување на Барањето останува. Даночното ослободување не се однесува и на граѓанинот кои обавува земјоделска дејност како дополнително занимање.
На граѓанинот чија основна дејност е земјоделие и кој остварил приходи поголеми од 300.000, а помали од 1.300.000 денари, ќе му биде пресметан данок само на 20% од приходот. Така на пример, за приход од 1 милион денари, износот на персоналниот данок кој ќе треба да се плати изнесува 20 илјади денари. За случаите кога земјоделието е дополнително занимање на граѓанинот, данокот на остварен приход од 200.000 денари би изнесувал 4.000 денари.


Пријавете ги и исплатените приходи од откупните центри

Изминатата година на адреса на УЈП најголемиот број на прашања беа поставени од граѓани кои поседуваат земјоделски имот, а не остваруваат никаков приход од истиот. Би потенцирале дека и овие граѓани треба да ја запазат постапката за регистрација и да поднесат Барање односно Пријава, во зависност дали се регистрирани или не, а УЈП нема да ги задолжи со плаќање на данок.
Исто така, граѓаните кои вршеле продажба на сопствени земјоделски производи во некои од откупните центри, приходите кои им биле исплатени треба да ги пријават во Барањето за паушално оданочување заедно со останатите приходи оствaрени од вршење на земјоделска дејност.


Корисни информации

За начинот и постапката на регистрација, Управата за јавни приходи во ноември и декември организира обуки за земјоделците во општините низ цела Македонија (види прилог Распоред на обуки).
За дополнителни информации можете да се обратите и во најблиската даночна канцеларија или во Инфо центарот на УЈП на бесплатниот телефонски број 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија