Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

07.10.2014
На 14 октомври 2014 - Тимови од УЈП и МРТВ во посета на општина Ранковце
Мобилен даночен шалтер на УЈП ќе биде поставен пред објектот на Општина Ранковце на 14 октомври 2014 (вторник), од 10.00 до 15.00 часот. Ги повикуваме граѓаните од општина Ранковце лично да се информираат, да оставарат средба со тимовите од УЈП и ЈП Македонска радиотелевизија и да поднесат барања за сите прашања поврзани со радиодифузната такса...
 
02.10.2014
НОВО! Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор
Со цел информирање на јавноста за надлежностите и активностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, начинот и формата на поведување на постапката на надзор при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор, постапката на известување на УЈП, санкции за прекршителите...Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“...
 
02.10.2014
До 31 октомври - Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред
Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат...
 
25.09.2014
НОВО! Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови
УЈП изготви ново Упатство кое обезбедува јасни насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за ДДВ. Упатството обезбедува и практични информации за начинот и роковите за поднесување на Пријава ДДВ-ПЕФ-ДО; начинот на издавање и сторнирање на Фактура ДДВ-ФП-ДО, начинот и роковите за поднесување на Eвиденција ДДВ-ЕПФ; и користење на системот е-Даноци во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување...
 
12.09.2014
Од 1 октомври - Регионалните дирекции на УЈП со ново работно време до 18 часот
Од 1 октомври 2014 година, сите Регионални дирекции на УЈП (Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и од правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обвски. Од тие причини, го продолжување работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија