|
|
|
|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
| |
|
|
|
|
1 |
2 |
| 3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
| 10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
| 17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
| 24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
| 31 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
10.02.2011
Управата за јавни прихода во организација и поддршка од Постојаниот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Џорџ Ајзалајн и Советникот од ММФ за надворешна контрола, Ричард Тид, во периодот од 31 јануари до 4 февруари 2011 година, реализира работилница на тема: „Утврдување на ризици, методи и техники за контрола во градежната индустрија“. Целта на работилницата е имплементација на добрите практики и искуства на даночната администрии на САД и европските земји во делот на инспекцискиот надзор на градежништвото, како специфична индустриска гранка од даночен аспект.
|
|
|
08.02.2011
Почнувајќи со Решението за утврдување на радиодифузна такса кое ќе Ви биде доставено за месец Јануари 2011 година, наплатата на радиодифузната такса ќе ја врши Управата за јавни приходи (УЈП). Новиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија. Исто така, УЈП редовно, односно за секој месец, ќе Ви доставува решение со кое директно кај носителот на платниот промет (банка или пошти) ќе можете да извршите уплата на радиодифузната такса.
|
|
|
04.02.2011
На покана на Македонско-Германското стопанско здружение, директорот Горан Трајковски и тимот на експерти од УЈП учествуваа на панел дискусијата на тема: „Даночното работење во Република Македонија и предлози за негово подобрување“, која се одржа вчера / 03.02.2011 година. На средбата, стопанствениците ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат во своето работење, можностите за поедностанување на даночните процедури, скратување на роковите, но истовремено се запознаа и со новините во делот на даночното работење и активностите на УЈП.
|
|
|
01.02.2011
Како граѓанин на РМ и даночен обврзник на персоналниот данок на доход најважниот датум за вас е 15 март 2011 година, крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) во која збирно треба да ги пријавите сите приходи кои сте ги оствариле, во земјата и во странство, во текот на изминатата 2010 година. Ви препорачуваме својата обврска да ја исполните навремено, со цел избегнување на метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава ...
|
|
|
28.01.2011
Просечната плата по работник во Република Македонија изнесува 30.349 денари, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2011 година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2011 година изнесува 15.174,50 денари, додека највисока основица изнесува 121.396,00 денари. Обврзниците можат да го внесат новиот износ на просечната плата, рачно во клиентскиот софтвер или да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер од 28.01.2011 година, која го содржи новиот параметар...
|
|
|
|
|
|
|
|