Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
09.12.2011
Реакција - НВО Агтис (анкета „Влијание на инспекцискиот надзор врз деловната клима и инвестирањето“)

Во врска со изјавите на НВО Агтис и презентираните резултати од анкетата „Влијание на инспекцискиот надзор врз деловната клима и инвестирањето“ на 07.12.2011 година:

„УЈП не е само инспекција“

Дали невладината Агтис сака да ги побие извештаите и истражувањата на Светска банка, ЕУ и ММФ, според кои македонскиот даночен систем, реформите во македонската даночна администрација и бизнис климата се високо оценети и рангирани не само во регионот, туку и пошироко. Ако не се точни извештаите од реномираните меѓународни институции, тогаш зошто сите се стремиме кон исполнување на нивните препораки, критериуми и стандарди.
Несериозно е јавното мислење за деловната клима и инвестирањето да се оценува исклучиво преку инспекциски надзор. УЈП не е само инспекција, а тоа се потврдува и со фактот дека 93% од наплатените даноци фирмите и граѓаните во РМ сами ги пријавиле во УЈП, а само 1% од даночните приходи се наплатени од инспекциски контроли. Ваквиот “истражувачки“ пристап со кој се негираат постигнувањата на Македонија признаени од Светска банка, ЕУ и ММФ, е мошне “храбар“, но за жал води кон погубни резултати со кои се доведува во заблуда јавноста.
Само издржани критики и истражувања на јавното мислење, се добредојдени и круцијални за преземање на конкретни чекори од УЈП. Реформите кои беа направени изминатите пет години во УЈП, се темелат токму на искажаното мислење на даночните обврзници во годишните анкети спроведени од страна на Меѓународниот монетарен фонд.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија