Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

20.10.2009
Фискализација – 100 објекти не го регистрирале готовинскиот промет
Во текот на инспекцискиот надзор, вршен во повеќе градови низ Македонија, контролирано е работењето на 337 даночни обврзници, од кои кај 100 објекти даночните контролори имаат утврдено нерегистрирање на готовински промет, односно неиздавање на фискална сметка. По градови состојбата е следната ...
 
19.10.2009
до 15-ти во месецот - Плаќање на месечна аконтација за данок на добивка
Ги потсетуваме даночните обврзници на данокот на добивка дека плаќањето на месечните аконтации за овој данок треба да го извршат до 15-ти во месецот. Месечните аконтации за данокот на добивка за 2009 година се утврдуваат од износот на данокот содржан во непризнатите расходи во Даночниот биланс за 2008 година намален за износот на даночниот кредит (данокот содржан во расходите за кои во изминатиот период е извршено зголемување на даночната основа) и даночните ослободувања искажани во истиот биланс.
 
09.10.2009
На стартот на третиот рок – Отпишани камати за неплатени даноци и придонеси на 76 обврзници
На почетокот на третиот рок, УЈП отпиша 7,7 милиони денари камати по основ на неплатени јавни давачки на даночните обврзници, односно наплатен е главен долг од фирмите должници во вкупен износ од 19,2 милиони денари. На обврзници кои поднеле барање за отпис на камата до УЈП им преостануваат уште неполни 3 месеци (до 31 декември 2009) да го искористат своето право.
 
01.10.2009
Управата за јавни приходи на Третата Регионална Даночна Конференција
Денес/1 октомври 2009 година, се одржува 3-тата по ред Регионална Даночна Конференција, чиј домаќин и организатор оваа година е Националната Агенција за Приходи на Република Бугарија. Во пресрет на одржувањето на конференцијата, во текот на вчерашниот ден директорот на УЈП, Горан Трајковски оствари средба со генералниот директор на даночната администрација на Р. Словенија, Мојца Цента, на која беше разговарано за „Улогата на даночните власти во услови на рецесија“. Ова ќе биде и заедничката тема со која двете земји ќе настапат на регионалната средба.
 
23.09.2009
Билатерална соработка - Зеднички даночни контроли на Македонија и Албанија
Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Р. Македонија и Р. Албанија, од 23 до 25 септември 2009 година во Тирана, се одржува Работнилницата – „Идните предизвици на даночните инспекторати“. Основната цел на Работилницата е конкретизација на мерките и активностите за заедничко делување на даночните инспекторати во наредниот период во насока на спречување и откривање на даночната евазија, но и размена на искуство во делот на ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија