Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

03.06.2011
Програма за “Лидерство и менаџмент“ – Дали јас би се следел себе си?
Дали треба само да раководиме или да бидеме лидери во она што го работиме е главниот акцент на Програмата “ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ“, која отпочна да се спроведува во Управата за јавни приходи. Програмата “Лидерство и менаџмент“ се спроведува во рамките на Проектот “Поддршка на даночните реформи“ финансиран од Европската унија (ИПА 2007) во соработка со холандски поддржаниот проект на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
25.05.2011
Регионална вежба за нацрт-стандардите за оданочување и царина
Скопје - Од 9 до 20 мај, во Управата за јавни приходи се организираше Регионалната вежба за нацрт-стандарди за оданочување и царина финансирана од страна на Европската комисија во рамките на инструментот за претпристапување за западен Балкан и за Турција (ИПА). Главната цел на проектот е проценка на административниот капацитет на Управата за јавни приходи и на Царинската управа на Република Македонија со помош на рамката поставена во нацрт-стандардите за царина и финансии, издадени од страна на Генералната дирекција ТАКСУД (TAXUD) на Европската комисија.
 
27.04.2011
Нов образец “ПДД-02“ за користење на даночно ослободување за набавени до 10 фискални апарати
Од денес/27 април 2011/, во примена е нов образец за поднесување на „Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања“ (ПДД-02) кој го поднесуваат самостојните вршители на дејност за користење на правото на даночно ослободување од персонален данок по основ набавени и ставени во употреба до десет фискални апарати. Новиот образец е објавен и може да се преземе од веб страницата на УЈП...
 
20.04.2011
Демант - “А1“ (текст: „Финална пресметка на Груевски со А1“)
Во врска со прилогот „Финална пресметка на Груевски со А1“ емитуван во вестите на А1 на 19.04.2011 година во 19.00 часот, Управата за јавни приходи изразува чудење за наводни рокови, стечаи, затворања и распродажби на медиуми како што се наведува во прилогот. Бидејќи овластените лица на А1 и Плус продукција во целост се запознати со наодите и доказите на УЈП и истите може слободно да ги објават во целост, не е јасно која е целокупната заднина на приказната и дали е ова уште еден обид работењето на одредени даночни обврзници да се стави над законот притоа манипулирајќи ја јавноста, бидејќи во решенијата на УЈП не постои рок 45 дена, ниту се споменува стечај, ниту затворање и распродажба на медиуми.
 
22.03.2011
Билатерална средба на даночниците од Македонија и Косово
Скопје – Од 21 до 22 март 2011 година во работна посета на Управата за јавни приходи е четворочлената делагација на косовската даночна администрација предводена од директорот, г-динот Беџет Халити. Главна тема и интерес на билатералната средба е воспоставување на комуникација и следните чекори на двете администрации поврзани со најавите за склучување на Меѓународниот договор за одбегнување на двојно оданочување или неоданочување меѓу Македонија и Косово.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија