Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.05.2011
Регионална вежба за нацрт-стандардите за оданочување и царина

Скопје - Од 9 до 20 мај 2011, во Управата за јавни приходи се организираше Регионалната вежба за нацрт-стандарди за оданочување и царина финансирана од страна на Европската комисија во рамките на инструментот за претпристапување за западен Балкан и за Турција (ИПА).
Главната цел на проектот е проценка на административниот капацитет на Управата за јавни приходи и на Царинската управа на Република Македонија со помош на рамката поставена во нацрт-стандардите за царина и финансии, издадени од страна на Генералната дирекција ТАКСУД (TAXUD) на Европската комисија.

Во рамките на проектот, предводен од Конзорциумот составен од Италијанската царинска управа (Agenzia delle Dogane), Свилупо глобале ДЕИЕ (Sviluppo Globale DEIE), СОГЕИ (SOGEI) и соработници на ДМИ (DMI), тим експерти под водство на Хесус Гајаре (Jesus Gayarre) и Сидни Филан (Sydney Phelan) ja посети и се сретна со претставници од Управата за јавни приходи со цел проценка на постојните капацитети на македонската даночна администрација и обука на персоналот за „Самопроценување на нацрт-стандардите“ и за определување на приоритетите за понатамошната поддршка од Европската унија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија